Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Следува продор на потопол воздух од југ, но и понатаму нестабилно време
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Следува продор на потопол воздух од југ, но и понатаму нестабилно време
Агропрогноза

Следува продор на потопол воздух од југ, но и понатаму нестабилно време

Објавено 03/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денес до петок претпладне, времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Утре атмосферата ќе биде постабилна, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури пак поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во петок попладне и во вечерните часови повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, особено во западните предели а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Потоа за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогнозавремето денесвремето за викендотпотопол воздух
Претходен напис (ВИДЕО)Куркума и мед, за слабеење, за лице, коса и бели заби – рецепти
Следен напис Создавањето на залихи на храна во ЕУ добива поголема важност: До 2021 година нов план
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?