Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научните докази покажуваат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Научните докази покажуваат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина
Магазин

Научните докази покажуваат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина

Објавено 01/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истражувачи од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј објавија сеопфатен преглед на научни докази што укажуваат дека вејпингот веројатно е поврзан со појава на рак на белите дробови и рак на усната шуплина.

„Анализирањето опфатило широк спектар на истражувања, вклучувајќи и студии спроведени на животни, извештаи за поединечни случаи кај луѓе, како и лабораториски испитувања објавени во периодот од 2017 до 2025 година“, пишува Гардијан.

Овие податоци, според научниците овозможуваат поцврста основа за процена на потенцијалните здравствени ризици поврзани со употребата на електронски цигари. Резултатите покажуваат дека употребата на електронски цигари може да доведе до низа биолошки промени кои се поврзуваат со зголемен ризик од рак – меѓу кои се вклучени оштетување на ДНК, како и појава на хронични воспалителни процеси во ткивата. Овие механизми се сметаат за значајни фактори во развојот на малигните заболувања.

Според професорот Бернард Стјуарт и коавтор на научниот труд, врз основа на севкупните докази е заклучено дека електронските цигари веројатно предизвикуваат рак на белите дробови и рак на усната шуплина, иако во овој момент не може прецизно да се утврди колкав ќе биде вкупниот здравствен товар. Додека пак, главниот автор – вонредниот професор Фреди Ситас нагласи дека историјата покажала дека раните предупредувања за штетноста на одредени навики често биле занемарувани, предупредувајќи дека не смее да се повтори сценариото со традиционалното пушење, каде што беа потребни децении за да се потврди канцерогеност и да се преземат соодветни мерки.

По ваквите наоди, експертите предупредуваат дека вејпингот не треба да се смета за безбеден избор, особено кај младите луѓе кои претходно не користеле тутунски производи. Оттука, се упатуваат повици за воведување построги мерки, засилен надзор и ограничување на достапноста на производите за вејпинг, со цел намалување на потенцијалните здравствени ризици во иднина. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:белите дробовивејпинготНаучните доказирак
Претходен напис Денес е 1 април – Ден на шегата
Следен напис Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?