Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
Агровести

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

Објавено 01/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели, додека одговорноста за повторно отворање на Ормуската Теснина би ја презеле други нации.

Трамп, исто така, информира дека ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на Блискиот Исток, денеска во три часот наутро по средноевропско време, пренесе Си-Ен-Би-СИ.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта во 9:30 часот падна за 4,23 отсто на 97,089 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ за 4,1 отсто на 99,704 долари.

Индексот на Франкфуртската берза DAX порасна за 3,02 отсто на 23.315,72 поени, францускиот CAC 40 за 2,32 отсто на 7.998,52 поени, британскиот FTSE 100 за 1,76 отсто на 10.353,26 поени, а московскиот MOEX за 0,21 отсто на 2.782,03 поени.

Европските фјучерси на гас за мај на отворањето на амстердамската берза TTF се продаваа по цена од 49,765 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 4.732,22 долари за троја унца, а цената на пченицата падна на 6,0708 долари за бушел (еден бушел изнесува 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на валутната берза Forex изнесува 1,15880 долари, што е за 0,3 отсто повеќе отколку на почетокот на тргувањето. Според податоците од американските берзи, вредноста на индексот Dow Jones на затворањето на берзите вчера порасна за 2,49 отсто на 46.341,51 поен, S&P 500 за 2,91 отсто на 6.528,52 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 3,83 отсто на 21.590,63 поени.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:100 доларивојнатанафтатацената
Претходен напис Научните докази покажуваат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина
Следен напис Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?