Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се општите барања за ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Кои се општите барања за ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО производство
Органско производство

Кои се општите барања за ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО производство

Објавено 01/04/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието на Република Северна Македонија го донесе Законот за органско производство.

Според чл.11 од ЗОЗП

(1) Субјектот кој произведува органски производи мора да ги почитува барањата за органско земјоделско производство кои се утврдени со овој закон и со прописите донесени врз основа од овој закон.

(2) Барањата за органско земјоделско производство се применуваат на целокупното земјоделско производство во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа од овој закон.

(3) Само производите и супстанците одобрени во согласност со постапките од членовите 24 и 25 од овој закон можат да се користат во органско земјоделско производство, под услов нивната употреба во неорганско производство, исто така да е одобрена во согласност со посебните прописи донесени врз основа од овој закон.

(4) Производите и супстанциите кои се дозволени за употреба во органско земјоделско производство, под услов да се одобрени со прописите за фитофармацевтски производи се следниве:

 а) антидоти/протектанти, синергисти и коформуланти како составни делови на фитофармацевтски производи и

б) помошни средства (адјуванти) кои што се мешаат со фитофармацевтски производи.

(5) Употребата на производи и супстанци во органското земјоделско производство за други цели, кои не се опфатени во овој закон, се дозволени под услов нивната употреба да е во согласност со начелата утврдени во членовите 5,6,7 и 8 од овој закон и прописите донесени врз основа од овој закон.

(6) Во преработката на органска храна или храна за животни како и во преработката на суровини кои се користат во органската храна или храната за животни не смее да се користи јонизирачко зрачење.

(7) Забрането е клонирање на животни и одгледување животни кај кои дошло до појава на вештачки предизвикана полиплоидија.

(8) Превентивните мерки и мерките за претпазливост треба да се применуваат во секоја фаза од производството, подготовката и дистрибуцијата каде што е неопходно.

(9) По исклучок од ставот (2) на овој член, земјоделското стопанство може да се подели на јасно и ефективно одделени производствени единици за органско земјоделско производство, за производство во преод и за неорганско производство, под услов во производствените единици кои не се за органско земјоделско производство да се вклучат:

а) различни видови во однос на добитокот;

б) различни сорти кои можат лесно да се разликуваат во однос на растенијата и

в) исти видови во однос на алгите и животните од аквакултура под услов да постои јасна и ефективна одделеност меѓу производствените локации или единици.

(10) По исклучок од ставот (9) точка б) на овој член во случај на повеќегодишни насади на кои им е потребен период на одгледување од најмалку три години, можат да се вклучат различни сорти, кои не можат лесно да се разликуваат или исти сорти, под услов производството да е во рамките на планот за преод и под услов преодот на последниот дел од површината на која се однесува производството во органско земјоделско производство да започне што е можно побргу и да се заврши во рок од најмногу пет години.

(11) Во случаите од ставот (10) на овој член:

a) земјоделецот треба да го извести контролното тело за почетокот на бербата за секој од засегнатите производи најмалку 48 часа однапред;

б) по завршувањето на бербата, земјоделецот треба да го извести контролното тело за точните количини собрани од засегнатите единици и за преземените мерки за одделување на производите и в) планот за преод и мерките коишто треба да се преземат за да се обезбеди ефективно и јасно одделување, контролното тело ги потврдува секоја година, по почетокот на планот за преод.

(12) Барањата кои се однесуваат на различни видови на сорти, утврдени во ставот (9) точки а) и б) на овој член, нема да се применуваат во случај на истражувачки и образовни центри, расадопроизводни центри, мултипликатори на семе и селекциони активности.

(13) Доколку, во случаите наведени во ставовите (9), (10), (11) и (12) на овој член на сите производствени единици од земјоделското стопанството не се управува согласно барањата за органско земјоделско производство, субјектите треба да:

а) ги чуваат производите и супстанциите искористени за единиците за органско производство и за производствените единици во преод одделно од оние коишто се користат за единиците за неорганско производство;

б) ги чуваат производите произведени во единиците за органско производство, производствените единици во преод и единиците за неорганско производство одделно едни од други и

в) водат соодветна евиденција во која е прикажано ефективното одделување на производствените единици и на производите.

(14) Дополнителните барања и начинот на поделба на земјоделското стопанствo во производствени единици за органско земјоделско производство, за производство во преод и за неорганско производство поблиску ги пропишува министерот со прописот од членот 14 став (10) од овој закон.

Службен весник на РСМ бр.56/2026 од 17.03.2026 влегува во сила на 25.03.2026, ќе започне да се применува од 1 јануари 2027 година.

Може да ви се допадне

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите, целта е да го унапреди здравјето на граѓаните
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство
Таг:законземјоделско производствоорганско производство
Претходен напис Донесен новиот закон за органско земјоделско производство
Следен напис Божиновска: Вистинскиот развој се случува кога институциите, академијата и приватниот сектор седнуваат на иста маса
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?