Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната која подготвувала храна за РЕК Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната која подготвувала храна за РЕК Битола
Агровести

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната која подготвувала храна за РЕК Битола

Објавено 26/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола.

АХВ соопшти дека во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната.

Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.

Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица. Инспекциската постапка продолжува, наведуваат од АХВ.

Во меѓувреме, од РЕК Битола потрдија дека привремено е затворена кујната, а работниците од синоќа и денеска добиваат сув ладен оброк, информираа од комбинатот.

Одлуката на санитарната инспекција доаѓа по вчерашната појава на здравствени проблеми, стомачни тегоби, кај работници на РЕК Битола кои јаделе лазања со сос.

Во текот на вчерашниот ден до 15 часот беа регистрирани 81 преглед во Инфективно одделение на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, а ноќеска и претпладнево лекарска помош побарале уште 30 лица.

Со кујната во РЕК Битола управува хотелот „Молика“ од каде потврдија дека здравствениот проблем е изолиран случај бидејќи секојдневно од кујната на хотелот за работниците во РЕК Битола се испорачуваат околу 1.600 порции храна, а здравствен проблем е регистриран само кај одредени работници со лесна клиничка слика.

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:ахввонредна инспекциска контролакујнатаРЕК Битолахрана
Претходен напис Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд
Следен напис МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците за да го добијат „Зелениот плик“ навреме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?