Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
Агровести

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица

Објавено 22/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Словенија, со одлука на Владата, од денеска се ограничува полнењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица, откако последните неколку дена имаше проблеми со снабдувањето на голем број пумпи во земјата.

Проблемот со снабдувањето со гориво е најзабележителен на бензинските пумпи на Петрол, за што зборуваше и словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој ги повика трговците со нафта да размислат за мерки против странските државјани, поради големиот број граѓани на Австрија и Италија, кои полнат гориво во Словенија поради поевтините цени.

„Денес, сите можат да видат дека бензинот, нафтата и дизелот се достапни главно на бензинските пумпи на МОЛ. Ако МОЛ може да го направи тоа, треба и Петрол“, рече Голоб, објави словенечкиот јавен сервис.

Од компанијата Петрол ги отфрлија наводите дека проблемот се појавил поради нивното несоодветно однесување, посочувајќи дека залихите на гориво се стабилни, како и дека повремените недостатоци се јавуваат поради зголемената побарувачка.

Поради недостигот на гориво, на интернет е отворена веб-страницата „Kje je gorivo? („Каде е горивото?“), на која во реално време се прикажува мапа со податоци за достапноста на гориво на пумпите.

Словенечката влада во четвртокот донесе декрет според кој на автопатите се дозволени пазарни цени на горивата, додека надвор од автопатите тие остануваат намалени и контролирани.

За задутре е најавено зголемување на цената на горивата, па се очекува дека словенечките граѓани ќе плаќаат 1,64 евра за литар дизел.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:50 литриограничиСловенечката владаточењето гориво
Претходен напис Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
Следен напис Променливо облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?