Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Капитални инвестиции: Нови 2 000 хектари под систем за наводнување во општина Валандово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Капитални инвестиции: Нови 2 000 хектари под систем за наводнување во општина Валандово
АгровестиШумарство и водостопанство

Капитални инвестиции: Нови 2 000 хектари под систем за наводнување во општина Валандово

Објавено 01/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжуваат градежните активности на новиот систем за наводнување за земјоделските површини во општина Валандово. Системот е од капитален карактер за општината и ќе овозможи современ начин на наводнување и континуирано снабдување со вода за земјоделските површини во атарот на населените места Удово, Јосифово и Пирава.

Целта на системот е да придонесе за намалување на трошоците и загубите во производството, како и создавање модерно земјоделство. Со новиот систем се очекува да се обезбеди наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина. Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри.

Завршена е 70% од дистрибутивна мрежа на системот за наводнување на Валандово, посочи Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и иницијатор за капиталните инвестиции во системи за наводнување кои достигнаа над 75 милиони евра.

Nikolovski Valandovo1

„Со оваа инвестиција од над 24,3 милиони евра го унапредуваме земјоделското производство и го правиме конкурентно.

Valandovo

Системот за наводнување е лоциран во Југоисточниот дел на општина Валандово, а составен од главна мрежа и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри. Опфаќа рехабилитација на изградба на околу 750 шахти за хидрантите опремени со затворачи и водомери – за наводнување со модерни техники. Овој проект започна официјално со градба јуни 2019 година и очекуваме да заврши 6 месеци пред предвиденото.

Nikolovski Valandovo 3

Преку обезбедување на квалитетна и навремена вода за наводнување на земјоделските површини, овозможуваме одржливо зголемување на земјоделското производство и намалување на трошоците. Изминатите години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделството и земјоделците. Продолжуваме да вложуваме во мерки и проекти кои обезбедуваат развој на земјоделството и подобри услови за работа на земјоделците“, истакна Николовски.

Nikolovski Valandovo2

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Валандововодахектари
Претходен напис Франција го заштити своето оригинално козјо сирење „Brousse du Rove“
Следен напис Следуваат потопли денови, но и понатаму нестабилно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?