Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза
Агровести

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза

Објавено 20/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатава седмица времето беше умерено облачно со сончеви периоди, а на некои места имаше краткотраен повремен локален дожд, и слаб до умерен ветер.

Ваквите временски услови се добредојдени за изведување на работи во поле, како што се: припрема на почвата за сеидба на рани пролетни култури, прихранување на есенски култури, садење на одредени рано градинарски култури, започнување со засадување на нови лозја и сл.

Површинската и предсеидбена припрема на почвата треба да биде навремено и квалитетно извршена, со цел да се создаде растресит и површински слој во кој ќе се посее семето. Една од клучните , т.е. основните задачи на обработката на почвата за пролетна сеидба е регулирање на водно-воздушниот режим бидејќи тие дејствуват како синџиреста реакција на промените на топлотните, биолошките и хемиските својства на почвата. Паралелно со обработка на почвата да се изведи и основно ѓубрење на посевот. Исто така во овој период треба да се изврши прихрана на есенските поледелски култури, бидејќи тие имаат долг вегетационен период, во кој бара доста хранливи материи. Во различни фази од порастот на растенијата потребите од минерална храна се различни. Во досегашната практика кај нас есенските култури се прихрануваат просечно два пати, еднаш во февруари или почетокот на март, а вториот пат во втората половина на март или во април. За прихранување најчесто се користат леснорастворливи азотни соидиненија.

Останати култури се исто така во развој, и кај нив треба да се продолжи со сите потребни агротехнички мерки.

Денес во западните делови ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5°C на повисоките места, до 4°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 6°C до 18°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделските културимакедонијапрогнозасостојба
Претходен напис Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
Следен напис Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?