Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се отстрелаат 12.000 животни: Потврдена е африканска свинска чума во Барселона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се отстрелаат 12.000 животни: Потврдена е африканска свинска чума во Барселона
Агровести

Ќе се отстрелаат 12.000 животни: Потврдена е африканска свинска чума во Барселона

Објавено 18/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ширењето на африканската свинска тчума меѓу популацијата на диви свињи во северна Шпанија продолжува да ги загрижува властите. Најновите случаи на инфекција билед потврдени и во Комарка (округ Барселона), со што бројот на заразени диви свињи се зголемил од 216 на вкупно 227, пишува Pigprogress.

Во најновиот извештај се пријавени 11 нови случаи, сите пронајдени во областа на Барселона. Така, овој округ стана третата област каде што е потврдена инфекцијата, по соседните области Валхес Оксидентал и Баик Љобрегат.

Планирано е уништување на околу 12.000 единки

Податоците објавени од Светската организација за здравје на животните (WOAH) сугерираат дека појавата на вирусот во Барселона не е резултат на ненадејното географско ширење, туку е последица на административните граници на округот.

Заразените животни се пронајдени во ридско подрачје претежно покриено со шуми кое административно припаѓа на округот Барселона.

Вирусот досега е потврден во вкупно девет општини во трите погодени области. Станува збор за област што се протега на околу 17 километри во правец север-југ и нешто помалку од осум километри во правец исток-запад.

За да се спречи понатамошното ширење на болеста, властите на автономниот регион Каталонија најавија радикални мерки за контрола на популацијата на диви свињи. Планирано е отстранување на околу 12.000 единки на област од 20 километри околу местото каде што била пронајдена првата заразена свиња во ноември.

Брзата акција од страна на службите е клучна

Како дел од тие мерки, бил затворен и Природниот парк Колсерола, со површина од 8.259 хектари. Токму во оваа област биле регистрирани првите случаи на инфекција кај дивите свињи. Се проценува дека во паркот живеат околу 600 животни, кои исто така ќе треба да бидат застрелани за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.

Според шпанскиот весник „Ел Паис“, главниот инспектор на каталонските рурални агенти, Антони Мур, изјави дека шумските служби, со помош на неколку ловџиски групи, ќе треба да спроведат обемна операција за отстранување на дивите свињи за да ја стават болеста под контрола.

Експертите предупредуваат дека брзата акција е клучна, бидејќи африканската свинска чума се шири многу лесно меѓу дивите и домашните свињи, а нејзиното ширење може да има сериозни последици за свињарството и земјоделскиот сектор.

извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:африканска свинска чумабарселонадиви свињиотстрелаат
Претходен напис Време е за јагоди во саксии: Следете ги овие правила, грижете се за нив и ќе имате прекрасни плодови
Следен напис Унгарците бараат укинување на царините за руските и белоруските ѓубрива: Страв од зголемување на цените на храната
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?