Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО
Јавни огласи и повици

Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО

Објавено 13/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 31 став 7 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11 и 126/12), министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПУВАЧИТЕ
НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ
ОТКУПНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Член 7

(1) Откупот на сурово млеко се врши на мобилно откупно место, постојано откупно место или во преработувачки капацитет.

(2) Откупувачот за да врши откуп на откупните места од став (1) од овој член покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови:

а) доколку откупот се врши на мобилно откупно место треба особено да располага со: – опрема за мерење на количина и на квалитет: млекомер, тест за антибиотици, тест за алкохолна проба, лажица за земање на проби, шишиња за земени проби; и

– посебни транспортни средства опремени за превоз на сурово млеко во цистерни, контејнери или садови и кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи согласно Законот за ветеринарно јавно здравство.

б) доколку откупот се врши на постојано откупно место покрај условите од точка а) од овој став треба да располага и со:

– Посебно организиран простор за предавање и прием на млекото со минимум површина од најмалку 16 м² вклучително и засебен простор во кој е сместена опремата за мерење на квалитет на млекото и хигиена;

– Посебна опрема за прием (сад за прифаќање на млекото – лактофриз опремен со термометар, млечна пумпа со погодно црево, цедило,);

– Посебна опрема за мерење на квалитет на млекото (фрижидер за проби, лактодензиметар, термометар), бојлер за топла вода и работна маса за опрема за мерење.

в) Доколку откупот се врши во преработувачки капацитет треба да ги исполнува условите од точка а) алинеја 1 и од точка б) од овој став.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Таг:млекооткупправилникуслови
Претходен напис Што лекува тинктурата од гавез и како да ја подготвите дома
Следен напис Дали сте пробале вака да панирате пилешко? Користете го ова наместо презла
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?