Целосно ќе се реконструира влезот во село Караслари за што веќе е избрана фирмата изведувач и градежните зафати ќе започнат наскоро. Овој проект е еден од петнаесетте за кои се обезбедени финансиски средства преку Владата на Република Македонија, во соработка со Министерството за транспорт, со што ќе се реши уште еден долгогодишен проблем и значително ќе се придонесе за развој на ова село, информира градоначалникот на Велес, Марко Колев.
Рамномерниот развој на Општината е приоритет во работењето. Продолжуваме посветено!
Фејсбук статус на Марко Колев
