Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Агросектор

ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%

Објавено 05/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделскиот комбинат Пелагонија минатата година ја затвори со извонредни резултати, остварувајќи раст на добивката од речиси 400 проценти. Доколку минатата година ја нарековме успешна, 2025 година е година на вистински пресврт. Профитот достигна 2,2 милиони евра, што ја потврдува стабилната финансиска стратегија на компанијата.

Приходите на комбинатот изнесуваат 19,8 милиони евра, што претставува пораст од 23 отсто во однос на претходната година, односно дополнителни 3,7 милиони евра. Во исто време, трошоците на компанијата бележат минимално зголемување, само за 1 отсто, или 170,8 илјади евра, достигнувајќи вкупно 16 милиони евра.

77,5 отсто од приходите потекнуваат од продажбата, која донела околу 14,6 милиони евра, со годишен раст од 12 отсто. Ова ја потврдува силната позиција на ЗК Пелагонија на домашниот пазар и стабилната побарувачка за нивните производи.

Во текот на минатата година, комбинатот инвестирал 183,3 илјади евра во нови основни средства, додека од продажба на земјоделска механизација остварил добивка од 14 илјади евра на приход од 308,4 илјади евра.

Како водечка компанија во агробизнисот во Македонија, ЗК Пелагонија има широко портфолио: одгледува житни култури како пченица, јачмен, пченка, маслена репа и сончоглед, но и крупен добиток. Во составот на комбинатот функционираат млекарата Здравје, фабрика за добиточна храна и две биогасни централи преку Пелагонија Енерџи, што дополнително ја зајакнува енергетската и индустриската независност на компанијата.

(ВИДЕО) Белешовска: Субвенции, поволни кредити, зелена економија – ЗК Пелагонија има капацитет да го развие македонскиот аграр!

Може да ви се допадне

Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Златото забавува по рекордниот раст – инвеститорите внимателно ги следат пазарите
Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата
Таг:ЗдравјеЗК Пелагонијапрофитраст
Претходен напис Студеното време во Северна и Источна Европа создаде тешки услови за зимските култури
Следен напис Од трибина во Прилеп земјоделците бараат ревидирање на годинашнава програма и субвенционирање на производството според програмата од 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?