Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од трибина во Прилеп земјоделците бараат ревидирање на годинашнава програма и субвенционирање на производството според програмата од 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од трибина во Прилеп земјоделците бараат ревидирање на годинашнава програма и субвенционирање на производството според програмата од 2025 година
Агровести

Од трибина во Прилеп земјоделците бараат ревидирање на годинашнава програма и субвенционирање на производството според програмата од 2025 година

Објавено 05/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од повеќе здруженија во земјава и од Националната земјоделска мрежа не отстапуваат од барањата за ревидирање на годинашнава програма за директни плаќања во земјоделството и бараат да се врати субвенционирањето според програмата од 2025 година. Ова, меѓу другото беше изнесено на денешниот состанок на производителите во Прилеп. 

Според Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа, барањата писмено ќе бидат доставени до надлежните институции. Ова е втора земјоделска средба, трибина, што се прави во Прилеп. 

-Главниот проблем ни е годинашнава програма, односно програмата за директни плаќања. Ние искажавме несогласување со програмата. За жал, досега немаме реакција од надлежните дека нешто може да се промени или измени. Ние баравме да се измени програмата за 2026 година, да се коригира и да остане да важи програмата од 2025 година. Не се согласуваме со условеното субвенционирање, зашто имаме голем дел од земјоделците, особено помалите, кои не може да ги задоволат критериумите. Министерот за земјоделство изјави дека ќе има некаков транзиционен период од две до три години, меѓутоа досега нема одлука на Влада за измена и дополнување на програмата за 2026 година, изјави Каракашев.

Според Борче Бучески од здружението „Пелагониско поле“ од Битола голем проблем имаат сточарите кои бараат да се врати субвенционирањето по грло.

-Има проблем со субвенционирањето, конкретно, во сточарството. Заврши и 2025 година, а немаме субвенционирана исплата. Бараме во рок од еден месец да бидат исплатени субвенциите по грло во сточарството, а за три-четири дена и исплата на субвенции од седум-месеци од лани. Бараме да се врати старата програма за субвенционирање по грло, вели Бучески.

За земјоделците, неправда има и во поледелството. Есенската, а и пролетната сеидба ќе поминат без државна помош, а македонското земјоделство без таа поддршка не може да опстои.

-Многу голем проблем се заостанатите субвенции. Македонското земјоделство не може да опстане без финансиската помош од државата. Цените се ниски, имаме увоз. Најголем проблем е дека се прави програма, а нас, земјоделците, не нѐ консултира никој. Во секоја ставка од програмата има грешка. Затоа, бараме програмата за оваа година да се тргне настрана и да се субвенционираме според програмата од 2025 година. Од тоа не отстапуваме, вели Миле Кебакоски од здружението „Фармер југозапад“.

Земјоделците своите барања писмено ќе ги достават до надлежните државни институции.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:БараатЗемјоделцитеПрограмитеРевидирањеСубвенционирање
Претходен напис ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Следен напис Авионските билети за летови меѓу Азија и Европа нагло пораснаа по нападот врз Иран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?