Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги
Агровести

Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги

Објавено 29/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Средношколците не помлади од 16 години и редовните студенти не постари од 29 години се дел од листата корисници на финансиска поддршка предвидена со третиот владин сет на економски мерки. За нив, предвидени се 3.000 денари, кои ќе ги добијат еднократко преку платежна картичка на која ќе стои ознаката „Купувам домашно“.

Министерството за образование и наука ќе ја изготви листата на корисници со податоците од електронскиот систем на училиштата и државните универзитети, со што младите нема да имаат потреба да аплицираат за картичката. Имено, преку листата на корисници на веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk која ќе биде објавена најдоцна до понеделник, младите со внесување на својот матичен број ќе може да проверат дали им следува финансиска поддршка.

Со специјалните картички ќе може да се плаќа од денот на приемот на картичката па сè до 31 јули. Финансиската помош, младите ќе можат да ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги преку ПОС терминали и виртуелни ПОС терминали, и тоа за плаќање во објекти за сместување, ресторани и кафулиња, туристички агенции, аптеки, фризерски и козметички салони, продавници за овошје, месо, пијалоци и друго. Од македонски производи кои ќе може да се купуваат изземени се само алкохолните пијалоци и производите од тутун. По истекот на рокот, престанува можноста за користење на финансиската поддршка, по што неискористените парични средства ќе бидат вратени во државниот буџет.

Согласно уредбата, банките се должни да ги издадат платежните картички во најкус можен рок, но не подоцна од 3 јули. Корисниците ќе ги добијат картичките на домашна адреса или пак ќе можат да ги подигнат во самите банки. Малолетните граѓани, корисници на платежната картичка кои имаат валиден документ за идентификација, лична карта или пасош, ќе можат самостојно да дадат согласност и да склучат договор за отворање на трансакциска сметка, без присуство на родител.

Платежната картичка нема да може да се користи за подигнување готовина од банкомати, а парите нема да можат да се префрлаат на други сметки или картички. Не е дозволено ниту конвертирање на износот во странски валути.

Правните и физичките лица во своите објекти за трговија на мало се обврзани да обезбедат посебно обележани рафтови или гондоли со ознаката „Купувам домашно“. А истото важи и за вршителите на онлајн продажба преку интернет страници, кои имаат обврска јасно да ги истакнат и посебно да ги одделат македонските производи и услуги.

Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите. За микротрговците кои ќе направат прекршок превидени се глоби во износ од 100 евра, па се до 1000 евра за големите трговци. Казни од 100 до 500 евра се предвидени и за одговорните лица во бизнисите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Картички за младитеКупувм домашноМерки на владатаПарична помош од 3000 ден
Претходен напис Финансираме речиси 200 инфраструктурни проекти
Следен напис Платежните картички со пари од државата ќе се достават најдоцна до 3 јули – Еве кој се има право на оваа помош!
1 коментар 1 коментар
  • Angela напиша:
    на 01/06/2020 г. во 13:16 часот

    Dali imam pravo na platezna karticka ?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?