Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Спасовски и Димковски во посета на Општина Карбинци: Изградбата на пречистителната станица за водата за пиење е проект од витално значење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Спасовски и Димковски во посета на Општина Карбинци: Изградбата на пречистителната станица за водата за пиење е проект од витално значење
Агровести

Спасовски и Димковски во посета на Општина Карбинци: Изградбата на пречистителната станица за водата за пиење е проект од витално значење

Објавено 29/05/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски присуствуваа на поставување на камен темелник на пречистителна станица за вода за пиење.

Во изјавата за медиумите по тој повод, премиерот Спасовски истакна дека овој проект е од витално значење, бидејќи со приклучување на Општина Карбинци со хидросистемот Злетовица, трајно ќе се обезбеди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, особено во летниот период.

„Кога ќе биде готова пречистителната станица, ќе се означи крајот на еден долг период на снабдување на населението со вода за пиење преку локални бунари, и жителите на оваа општина ќе имаат редовно квалитетна и чиста вода за пиење. Изградбата на оваа пречистителна станица ќе овозможи водоснабдување на повеќе населени места од овој регион“, подвлече претседателот на Владата Спасовски.

Тој истакна дека средствата за реализација на проектот пречистителна станица Карбинци, во вкупен износ од 105,3 милиони денари, се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Со оваа филтер станица, како и со изградбата на филтер станиците за Општината Штип и за Општина Лозово, ќе се заокружи првата фаза од повеќенаменскиот систем Злетовица, проектиран за снабдување со вода за пиење на 150.000 жители од Штип, Свети Николе, Пробиштип, Карбинци и Лозово“, потенцираше премиерот Спасовски.

Воедно тој посочи дека во тек е и подготовката на втора и трета фаза од хидросистемот Злетовица. Втората фаза опфаќа изградба на систем за наводнување на околу 4.000 хектари земјоделско земјиште, а со третата фаза е предвидена изградба на 6 хидроцентрали. Со ова, ќе се заокружи повеќенаменскиот систем Злетовица којшто ќе биде целосно функционален и рентабилен.

„Обезбедувањето на квалитетни услови за живот, меѓу кои најважно е обезбедувањето на чиста вода за пиење во секоја општина, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија има јасна цел и ја спроведува континуирано реализацијата на вакви капитални проекти во соработка со општините. Тие се од огромна важност за унапредување на здравјето на граѓаните за подобрување на квалитетот на животот и животната средина на граѓаните, но и за развој на земјоделството, бидејќи без вода нема модерно и квалитетно земјоделско производство“, истакна на крај во изјавата премиерот Спасовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски објасни дека оваа пречистителна станица е дел од повеќенаменски проект, хидросистемот Злетовица и дека со приклучување на Општина Карбинци трајно се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, особено во летниот период, бидејќи досега населението од оваа општина досега со воза за пиење се снабдуваше со вода за пиење преку локални бунари.

„Објектот е лоциран во месноста наречена Висок Рид во Општина Карбинци, односно помеѓу населбите Карбинци, Козјак и Радање. Со изградбата ќе се овозможи непречено снабдување со вода за пиење во населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање, во кои живеат околу 3.000 жители или 75% од вкупниот број на жителите на Општина Карбинци“, објасни министерот Димковски.

Министерот Димковски истакна дека овој е проект е 105,3 милиони евра, пари кои се обезбедени преку буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Обезбедувањето на квалитетни услови за живот меѓу кои најважно е обезбедувањето на чиста вода за пиење во секоја општина, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Токму повеќенаменскиот проект Злетовица, на којшто интензивно работиме ќе ја подобри лошата состојба со водоснабдување во североисточниот дел на државата, но со дел од фазите на коишто се работи, ќе овозможи и зголемување на наводнуваните земјоделски површини“, потенцираше министерот Димковски.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев објасни дека рокот за изградба на пречистителната станица е до крајот на 2020 година.

„За да се стави во функција овој капитален објект потребно е да се изградат: распределителни цевководи за дистрибуција на пречистената вода од излезниот базен до постојните резервоари за водоснабдување на населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање во должина од 17.8 километри и вредност на работите околу 44 милиони денари и пристапен пат до должина од 2.3 километри за кои веќе општината располага со проектна документација“, објасни градоначалникот Јордан Насев.

Градоначалникот Насев потенцираше дека подеднакво е важно што и самата технологија на пречистување – ултрафилтрација, како и влезната цена на водата од хидросистемот Злетовица даваат можност за намалување на цената на водата за корисниците со што ќе влијае поволно и на економската состојба на домаќинствата, корисници на оваа пречистителна станица.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:вода за пиењеОливер СпасовскиОпштина Кабринципречистителна станицаТрајан Димковски
Претходен напис Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги
Следен напис Финансираме речиси 200 инфраструктурни проекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?