Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги
Агровести

Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги

Објавено 29/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги.
Оваа картичка ќе ја добијат сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и примателите на гаранатирана минимална помош. Со неа во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги, но и да се плаќаат тековни сметки.
Оваа мерка е дел од пакетот економски мерки донесен од Владата и со неа ќе бидат опфатени околу 100 илјади граѓани.

Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, во вредност од 355 милиони евра наменет за 730,000 корисници, кои ќе ја трансформираат нашата економија и ќе ја направат поконкурентна, со тоа што ќе ја зголемат приватната потрошувачка и ќе стимулираат раст и промоција на домашните производи и услуги.

Првиот столб од третиот пакет на економски мерки усвоен од Владата предводена од СДСМ ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица.

Со овие мерки се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.

Но пред сѐ, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.

„Домашната платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги ќе ја добијат над 100,000 граѓани односно сите невработени лица, активни баратели на работа кои немаат над 15,000 месечни приходи според УЈП, како и примателите на гарантирана минимална помош. Со оваа картичка во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги а платежната картичка ќе можат да ја добијат и лицата кои имаат блокирани сметки бидејќи се работи за посебна сметка.

Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра

Со оваа мерка се опфатени 100,000 граѓани, односно сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи, според УЈП.

Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.

Електронскиот ваучер ќе има посебен QR код за секој индивидуален корисник а ќе може да се користи во домашните хотели и други регистрирани сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Парична поддршка за млади од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра

Се грижиме и за младите, за студентите и средношколците.

Оваа мерка опфаќа електронски ваучери од 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.

Младите ќе добијат и платежна картичка, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини

Ги поддржуваме младите да стекнат нови знаења кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија со Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

Оваа мерка ќе опфати од 7,000 до 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини.

Може да ви се допадне

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Таг:економскакарточкаплатежна
Претходен напис Нови обврски за ветеринарите при посети и прегледи на животни
Следен напис Спасовски и Димковски во посета на Општина Карбинци: Изградбата на пречистителната станица за водата за пиење е проект од витално значење
3 коментари 3 коментари
  • Sanela murtik напиша:
    на 27/06/2020 г. во 18:47 часот

    Zdravo dali sum dobitnik na ovo vaucer i kako mozam da apliciram

    Reply
  • Angelce Milosevski напиша:
    на 09/10/2020 г. во 11:18 часот

    Dali može da zemam kartica zaglave sum od izvršitelji mi treba zaradi sinot nemam dovoljno imam samo 15000 ukupno i nemam ni denar ve molam

    Reply
  • Abdisamet напиша:
    на 29/01/2021 г. во 15:47 часот

    Dali mi sleduje Karticka mene kao invalid

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?