Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите на средбата. Основното прашање е како да се зачува, но и да се зголеми македонскиот добиточен фонд.
Кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ ќе биде реализирана во различни региони и разговарано со земјоделците од сите земјоделски гранки. Преку оваа кампања директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева најави дека земјоделските производители одблиску ќе се запознаат со Програмата за 2026 година но ќе им се овозможи на сите производители и индивидуално да им се одговори на прашања или проблеми кои ги имаат околу исплатата на субвенциите.
