Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка
Агровести

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка

Објавено 01/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска фицијално беше пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, проект вреден 1,2 милиони евра. Оваа патна делница е од витално значење за транзитниот сообраќај кон Бугарија и претставува директно надоврзување на претходно изградениот експресен пат од Страцин.

За ремиерот Христијан Мицкоски подобрената инфраструктура е „додадена вредност“ која директно влијае на квалитетот на животот во локалните заедници.

„Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од коридорот 8 во Македонија“, рече Мицкоски на пуштањето е во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека со овој проект практично се комплетира патниот дел од источното крило на Коридор 8. Владата го позиционира овој коридор како приоритетен за економската интеграција на Македонија со европските транспортни мрежи.

Обиколницата не е само локално решение за Крива Паланка, туку стратешка точка која треба да го олесни протокот на стоки и патници меѓу Скопје и Софија. Според владините анализи, модернизираната инфраструктура ќе ја зголеми конкурентноста на домашната економија преку намалување на транспортните трошоци и времето на патување до границата, рече Николоски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, потврди дека зафатот, вреден 1,2 милиони евра, е изведен според современи безбедносни стандарди.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:евраКрива Паланкаобиколница
Претходен напис Хоџа: Поддршка за локалните земјоделци за поголема доверба во домашното производство
Следен напис Облачно со услови за утринска магла
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?