Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како успешно да одгледувате мандарина во саксија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Како успешно да одгледувате мандарина во саксија?
Растително производство

Како успешно да одгледувате мандарина во саксија?

Објавено 18/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувањето на цитруси понекогаш е вистински предизвик, а  за да добиете први плодови треба многу напор, но и трпеливост.

Грижата за овој вид овошје понекогаш може да биде вистински предизвик, а ние ви даваме неколку совети како успешно да ги одгледувате во саксија во вашиот дом и во дворот.

Иако мандарините најчесто се поврзуваат со растенија од потоплите региони затоа што потекнуваат од Југоисточна Азија, а успешно се одгледуваат и на Медитеранот, тие припаѓаат на  агрумите кои се најотпорни на ниски температури.  Тие можат да преживеат и до -4 ° Целзиусови. Мандарините не сакаат премногу високи температури, па во тој случај добро е да ги ставите во сенка.

Обезбедете дренажа и доволно простор за раст на корењата

Цитрусите можат да се одгледуваат од семе или расад и при тоа треба да се има предвид дека одгледувањето од семе трае долго време и дека ќе почекате  и до 7 години за првите плодови. Затоа  повеќе се исплаќа да се купат садници затоа што тие побрзо ќе дадат  плод.

Садот во кој е засадена мандарината  треба да биде поголем од коренот за да не мора да се пресадува премногу често, а исто така треба да има околу 10 см слободен простор од коренот до дното. Треба да изберете сад што не се стеснува на врвот затоа што ќе ви биде тешко да го одржувате и да го пресадувате растението. Важно е да се стават камења на дното пред садењето  поради  дренажата и потоа да се стави супстрат за садење.

Кога купувате супстрат, најдобро е да изберете некој што е прилагоден за одгледување цитруси, затоа добро прочитајте ги декларациите. Откако ќе го засадите растението, ставете го на место со многу сонце, идеално би  било да има околу 5 до 6 часа сончева светлина, а јужните страни се најдобри. Редовното наводнување е важно, а можете и да ја задржите влагата со помош на  прекривка (малч).

Се пресадува за три до четири години, а за првите плодови  потребна е трпеливост

Дрвото на мандарината е помало во споредба со другите агруми, и може да расте од 3 до 4 метри во висина, иако може и да се реже. Веднаш штом корените ќе почнат да излегуваат низ дупките на саксијата, време е да се пресади во поголема, а ова ќе треба да се прави на секои три до четири години.

Кога ја вадите мандарината  на отворено после зимата, постепено прилагодете го дрвото на надворешни услови за да спречите губење на лисјата, а истото важи и при внесувањето во есен. Потрудете се да го внесете во затворена просторија пред првиот мраз.

Добро е мандарината да се прихрани еднаш месечно со течно ѓубриво кое е богато со азот и фосфор или она што е прилагодено за агруми.

Сепак за првите плодови ќе треба да бидете стрпливи и тоа околу три до четири години.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:како да одгледате мандаринамандаринимандарини во саксијациртуси
Претходен напис Безбеден туризам во време на ковид-19 – Промовирана платформата savetravels.gov.mk
Следен напис Незаменлив зеленчук – Зошто треба да јадеме повеќе моркови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?