Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Крива Паланка со протест заради некотролираното движење на говедата, АХВ сама со мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Крива Паланка со протест заради некотролираното движење на говедата, АХВ сама со мерки
Агровести

Општина Крива Паланка со протест заради некотролираното движење на говедата, АХВ сама со мерки

Објавено 25/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ја информираат јавноста
дека утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест организиран од граѓани,
поради неконтролираното движење на говеда и штетите врз имот и земјоделски
површини.
Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и
задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. Непочитувањето на овие решенија
го загрозува јавниот ред, безбедноста и имотните права на граѓаните.

Сите учесници се повикуваат на одговорно и мирно однесување, додека Општина Крива
Паланка и претставниците на 16 месни заедници активно ги следат настаните и ќе
преземат сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес.

Од друга страна, директорот на АХВ Оливер Миланов, во денешното интервју за Прес24 вели дека тие самостојно преземаат мерки, без учество на Општината, но и без детали, затоа колку говеда, какви мерки се преземаат…

„Акциите за собирање на говедата од Крива Паланка ќе продолжат и во наредниот период. Проблемот е повеќегодишен. Во моментов сите активности се на товар на Агенцијата, финансискиот дел, човечките ресурси, опремата и техничкиот дел. Ниту Општината, ниту некоја друга институција е вклучена во процесот. Клучно е да се најде системско решение за решавање на овој голем проблем пред кој многумина во минатото само замижувале. Полека оди процесот на собирање и подигнување на говедата за кои во изминатиов период нивните сопственици неадекватно и недоволно воделе сметка. Сега, оставени сами на себе низ годините животните се и неконттролирано размножени. Како институција се обидуваме да најдеме трајно решение за нив. Во меѓувреме работиме на нивно собирање, но, постојано сме изложени на предизвици – непристапен терен и често и агресивно однесување на поранешните сопственици, за што реагира и полицијата.
Основно е наоѓање на системско решение за проблемот кое ќе значи неможност вакви случаи да ни се повторуваат и во иднина“, вели Миланов.

Се наметнува прашањето, зошто сите надлежни, сите инволвирани парцијално наводно преземаат мерки – едните протестираат, другите бркаат крави, а јавноста не знае ниту кога ќе се спасат земјоделците од штетата што ја прават слободно пуштените говеда, ниту колку се на број, ниту има ли заловени и ако има каде се сместуваат, затоа што се шпекулирта со ројка од 500-900 крави! И да се заловат сите, каква ќе биде нивната судбина и чии се или чии ќе бидат по заловувањето?

Најмалку е познато пак кога ќе се реши проблемот и кој ќе одговара за ова неконтролирано дивеење на животните. Тие не можат да бидат виновни!

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АХВкравиКрива Паланка
Претходен напис (ВИДЕО) Телма: Семејство ги брка кравите по ридовите за да ги „спаси“ од инспекторите на АХВ
Следен напис Млекара ЗДРАВЈЕ меѓу најсилните брендови во Македонија според Valicon TOP BRANDS 2025
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?