Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Ако од 2007 година до лани се поделени над 1,8 милијарди евра субвенции, а развој нема, неминовно е да направиме промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Ако од 2007 година до лани се поделени над 1,8 милијарди евра субвенции, а развој нема, неминовно е да направиме промени
Агровести

Трипуновски: Ако од 2007 година до лани се поделени над 1,8 милијарди евра субвенции, а развој нема, неминовно е да направиме промени

Објавено 23/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ Стар изјави дека најгласни во реакциите околу новата Програма се оние кои не учествуваат во земјоделскиот процес и се чувствуваат загрозени дека ќе бидат елиминирани од системот на субвенционирање.

„Ги следам реакциите и можам со сигурност да кажам дека најгласни се оние кои не учествуваат во земјоделскиот процес и се чувствуваат загрозени дека ќе бидат елиминирани од новата Програма. Тие се многу погласни од оние кои сериозно и посветено работат на своите површини и продуцираат земјоделско производство“, истакна министерот.

Тој појасни дека е направена детална анализа за тоа каде била Македонија, каде е сега и каде треба да стигне во наредниот период. За таа цел била формирана посебна работна група која изработила анализа за стратешкиот период 2021–2027 година, со цел утврдување на приоритетите и целите што треба да ги постигне Стратегијата.

Според министерот, податоците од анализата биле загрижувачки, поради што се одлучило да се воведат новини со кои средствата што ги обезбедува државата ќе завршуваат кај вистинските земјоделци.

„Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции“, додаде министерот Трипуновски.

Тој нагласи дека со новините во Програмата ќе се воспостави ред во целиот сектор.

„Ако од 2007 година до минатата година се поделени над 1,8 милијарди евра во вид на субвенции, а денес состојбите се безмалку слични или исти како претходните години, неминовно е дека треба да направиме промени“, порача министерот.

АГРО ГЕА: ПРОМОЦИЈА на ФРЕЗИ со кардан – FIRESTO по екстра цени!

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:еврапрограмаТрипуновски
Претходен напис Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Следен напис Росоман организира бесплатен превоз за земјоделци на саем во Солун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?