Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Клучот за лекување на ракот може да лежи кај мачките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражување: Клучот за лекување на ракот може да лежи кај мачките
Магазин

Истражување: Клучот за лекување на ракот може да лежи кај мачките

Објавено 23/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истражување од поголем обем на меѓународно ниво, за различни видови рак кај мачките, се чини, открива генетски промени коишто би можеле да помогнат во лекувањето на болеста и кај животните и кај луѓето.  Научниот труд е објавени во списанието „Сајенс“ (Science / Наука), а испитувањата ги спроведоа британски и канадски научници.

Истражувачите се од Универзитетот Гуелф во Онтарио, Канада, и Институтот Велком Сангер – водечки глобален непрофитен центар за геномски истражувања со седиште во близина на Кембриџ, Велика Британија. Основан во 1992 година, Институтот користи геномски секвенци за да го продлабочи знаењето за биологијата и за подобрување на здравјето на луѓето. Новата студија е првата што генетски го профилира ракот кај мачките во толку голем обем. Со анализа на различни видови тумори од речиси 500 домашни мачки во пет земји, научниците откриле дека механизмите што водат до развој на рак се слични на оние кај луѓето. Taкa, пронајдени се сличности меѓу ракот на дојка кај мачките и ракот кај луѓето.

– Нашите миленици ја делат истата средина со нас, што значи дека се изложени на истите фактори на опасност на животната средина. Ова би можело да ни помогне подобро да разбереме зошто мачките и луѓето развиваат рак, како околината влијае на ризикот и потенцијално да најдеме нови начини за спречување и лекување, вели професорот Џефри Вуд од Универзитетот Гуелф.

Речиси една четвртина од домаќинствата во Велика Британија поседуваат барем една мачка. Со над 10 милиони мачки кои живеат на Островот, тие се исто толку популарни како и кучињата како домашни миленици. 

– Со споредување на геномиката на ракот кај различните видови, сега подобро ги разбираме и причините за болеста. А, едно од нашите клучни откритија е тоа дека генетските промени кај ракот кај мачките се слични на некои од оние кај луѓето и кучињата. Споделувањето знаење и податоци низ дисциплините би можело да им користи и на ветеринарната и на хуманата медицина, вели Бејли Франсис, соавтор од Велком Сангер.

Ракот е најчеста причина за болест и смрт кај мачките, но за начините со коишто се развива сè уште не се знае многу. Испитувањето опфати 13 различни видови рак кај мачките, овозможувајќи споредба на генетските промени со оние што се гледаат кај луѓето и кучињата. Така, утврдено е дека кај некои видови рак, генетските промени што доведуваат до болеста кај мачките се слични на оние кај луѓето.

Карциномот на дојка е чест и агресивен вид на рак кај мачките. Идентификувани се седум гени што мутираат и така придонесуваат за развојот на болеста. Најчесто засегнатиот ген е „Еф-би-екс-даблју-7“ (FBXW7), со мутации пронајдени во над 50 отсто од проучените тумори. Кај луѓето, мутациите во овој ген кај ракот на дојка се поврзани со полоша прогноза, слично на она што е забележано кај мачките.

Д-р Луиз ван дер Вајден од Институтот Велком Сангер, рече дека ова е прилично значаен напредок во онкологијата, во областа за мачките.

– Генетиката на туморите кај домашните мачки веќе не е „црна кутија“. Сега може да ги преземеме следните чекори кон прецизна онкологија кај мачките и постепено да го достигнеме нивото на дијагностички и терапевтски можности коишто веќе постојат кај кучињата и во човековата медицина, додаде истражувачката.

Студијата, исто така, покажува дека одредени хемотерапевтски лекови се поефикасни кај тумори на дојка кај мачки со мутации во посочениот ген. Научниците истакнуваат дека се потребни и натамошни истражувања, но резултатите ги истакнуваат потенцијалните терапевтски опции и за мачки, и за човечки пациенти со рак на дојка.

Извор МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ИстражувањеКлучотлекувањемачките
Претходен напис Азески во Меѓународниот совет на Економскиот факултет во Љубљана, најдобро рангиран на Шангајската листа во регионот 
Следен напис Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?