Во летната сезона од Скопје ќе се лета за Палермо и за Алгеро во Италија. Со почетокот на летниот ред на летање, кон крајот на март, скопскиот аеродром ќе ја прошири својата мрежа на линии со уште две нови релации – кон Будимпешта и Неапол, додека охридскиот аеродром ќе добие нова линија до Милано. Во мај, „Аустријан ерлајнс“ ќе започне со летови од Охрид до Виена, а во јуни, „Виз ер“ ќе воведе уште две нови линии од Охрид до Катовице и Вроцлав.
– Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 15 јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо, а од 18 јули за Алгеро Сардинија во Италија. Со овие две нови авиолинии на Виз Ер се очекува уште повеќе да го зголемат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот, сподели денеска во објава на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадра Николоски.
Од ТАВ Македонија информираат дека „Виз ер“ на линијата од Скопје до Палермо од 15 јули ќе сообраќа три пати неделно, секој понеделник, среда и петок, со достапни цени од 29,99 ера а од 18 јули започнува рутата Скопје – Алгеро, која ќе лета два пати неделно, секој вторник и сабота со достапни цени од 39,99 евра
Летовите до двете нови дестинации се планирани како сезонски линии, односно ќе се реализираат до 11 и 12 септември.
