Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
Агровести

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Објавено 14/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход.

Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку системот е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.

Обврската постои независно од тоа дали данокот во странската држава е платен или не. Заедно со пресметката мора задолжително да се достават и докази – потврда од исплатувач, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи или друга релевантна документација што го покажува износот, видот и периодот на остварениот доход, како и евентуално платениот данок во странство.

УЈП наведува дека детални насоки за пријавување, пресметување на данокот и примената на договорите за избегнување двојно оданочување се достапни на официјалната веб-страница и преку следните линкови:
– http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogледни/1170
– е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
– Список на држави со договор за избегнување двојно оданочување: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregлед/tr/md
– Упатство за пополнување на електронската пресметка: https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE

Во рамки на редовната меѓународна соработка и размена на даночни информации, УЈП информира дека се поднесени 203 барања до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Овие активности, се наведува, се дел од механизмите за обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем.

Управата апелира навремено да се извршат сите обврски со цел правилно утврдување на даночната обврска и избегнување дополнителни постапки и санкции. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2025 годинадоход ткипресметкирокотстранствоујп
Претходен напис (ВИДЕО) Трипуновски: Нема повеќе „ловци“ на субвенции, минимум 0.5 ха за корисник и сериозни контроли на терен
Следен напис Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот с.Лисец – Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?