Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со поддршка на ИМЕ, македонски органски лешник за првпат се извезува на швајцарски пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со поддршка на ИМЕ, македонски органски лешник за првпат се извезува на швајцарски пазар
АгровестиПазари

Со поддршка на ИМЕ, македонски органски лешник за првпат се извезува на швајцарски пазар

Објавено 26/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Nelkoski Organic е семеен бизнис во с.Драслајца, Струга. Пред десетина години, семејството започна со само 500 стебла лешников насад, што со текот на времето прерасна во 10 хектари насад и мал преработувачки погон за калибрација, кршење и пакување лешници. Денес, Нелкоски се фокусираат исклучиво на органско производство, со тоа што се први производители на органски лешник сертифицирани по Bio Swiss стандард во државата и го развиваат брендот за производи од органски лешник Заум.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ги поврза Nelkoski Organic со добропознатиот швајцарски ланец на супермаркети Coop, кои беа заинтересирани да набавуваат органски лешник од Северна Македонија. Квалитетот, вкусот и стандардите на органско производство на Нелкоски ги задоволија строгите швајцарски стандарди. Сепак, Нелкоски се соочија со дополнителна препрека за извоз кон Coop бидејќи ги немаа потребните машини за пакување на лешникот според барањата на Coop и се обратија до ИМЕ а да побараат поддршка за коинвестиција за набавка на потребните машини.

„Благодарение на Фодот за можности на ИМЕ, успеавме да набавиме машина за вакумирање  и сега можеме да ги пакуваме лешниците во големи вреќи од 15 кг. Оваа технологија на пакување овозможува лешникот да ја задржи потребната природна влажност и подолго да остане свеж во пакувањето. Со поддршка на ИМЕ набавивме и машина за пакување на палети, што е едно од барањата на Coop за безбеден транспорт на лешниците.”, сподели сопственикот Бошко Нелкоски. Дополнително, Нелкоски инвестираа во метален детектор кој е задолжителен за фирмите кои сакаат да вршат извоз во земјите од ЕУ, како и компресор на воздух за машините.

Машините веќе пристигнаа во погонот на Нелкоски и пробното производство помина одлично. „Сега се подготвуваме за првата пратка на првокласен македонски органски лешник во Швајцарија. Првиот тон лешници ќе биде испорачан кон Coop во средината на јуни” додава Нелкоски.

Ова е само мал дел од побарувачката на швајцарскиот купувач. Coop побара да набави 7 тони македонски органски лешник само во првата сезона, па Нелкоски се обидува да го зголеми бројот на локални производители на лешник кои ќе почнат со органско производство. Нелкоски организира средби со производителите за да им ги презентира новите машини и да ги запознае со барањата на Coop, со цел да мотивира што поголем број од нив се стекнат со Bio Swiss стандардот и да започнат органско производство за швајцарски пазар. Како подолгорочна цел, Нелкоски се стреми да има и до 30 кооперанти од струшкиот регион.

И покрај глобалната криза предизвикана од Ковид-19, Нелкоски работат со полна пареа. „Предизвици има, но ние успеавме да ги задржиме сите вработени и да не ги намалиме платите. Со новите договори за извоз очекуваме одлична продажба во наредните два до шест месеци. Продолжуваме да работиме кон нашата главна цел да произведуваме храна од срце.”

Со оваа инвестиција, Нелкоски ќе влезат на меѓународен пазар каде ќе добијат повисока цена за своите производи, а со тоа отвораат врати и за останатите локални произведувачи. „Доколку успееме да извеземе македонски производи во Швајцарија, што знаеме дека важи за еден од пазарите со најстроги барања во светот, тогаш сме чекор поблиску и до сите останати пазари“, за крај додава Нелкоски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:имелешникпазарфондшвајцарија
Претходен напис „Чичо“ се пресели во пиварата во Ваљево
Следен напис Французите во текот на изолацијата се здебелиле во просек по 2,5 кг
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?