Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро
Агровести

Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро

Објавено 23/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новоформираното Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“ заедно со концесионeрот на рекреативната риболовна зона „Охридско Езеро“ од идната седмица ќе почне со издавање дозволи за рекреативен риболов на езерото за 2026 година.

Како што се посочува во соопштението од Здружението, секој што сака рекреативно да лови риба од Охридското Езеро нема да мора да плаќа дополнителни трошоци како членарина за Здружението, туку само да си обезбедни дозвола согласно однапред презентираниот ценовник.

Рекреативната зона „Охридско Езеро“ го опфаќа македонскиот дел од Охридско Езеро односно потегот од Свети Наум до селото Радожда, како и целиот слив на Охридско Езеро и тоа каналот Студенчишта, Коселска Река, Велгошка Река, реката Черава и нејзините притоки, како и Сатеска со сите нејзини притоки. Спортски риболов не е дозволен на водната површина на езерото определени како риболовни зони, како што се изворите кај „Свети Наум“, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со Закон.

На рекреатиците ќе им се на располагање два вида дозволи и оние за риболов од брег и комбинирана за лов и од брег и од пловен објект, а цената варира зависно времетраењето на дозволата.

За риболов од брег таа се движи од дневна што чини 354 денари, преку тридневна – 708, месечна 2065 и годишна што чини 4130 денари со вклучен ДДВ.

Дозволите за риболов и од пловен објект чинат 708 за еден ден, 1298 за три дена, 2655 месечна и 5130 за една година.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:дозволитеОхридското Езероспортски риболовценовникот
Претходен напис Азески и Управниот одбор на Стопанската комора во посета на „ТИТАН Усје“
Следен напис Во просек приближно 150 литри дожд на квадратен метар регистрирани во невремето во Атина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?