Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Невреме во Грција – затворени училишта, пораки со предупредувања и забрана за пловидба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Невреме во Грција – затворени училишта, пораки со предупредувања и забрана за пловидба
Агровести

Невреме во Грција – затворени училишта, пораки со предупредувања и забрана за пловидба

Објавено 21/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Невремето што од утрово ја зафати цела Грција со обилни врнежи од дожд и грмежи, снежни врнежи и во места со ниска надморска височина и силен ветер, резултираше училиштата во повеќе делови на земјата да останат затворени, да се воведат мерки за заштита на вработените, да се испратат предупредувачки пораки до граѓаните, а на трите атински пристаништа е воведена забрана за пловидба, јави дописничката на МИА од Атина.

За претстојното невреме вчера се одржаа состаноци во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција каде што беа разгледани сите околности и одлучено за регионите Атика, Пелопонез, Тесалија и централна и северозападна Грција да се издаде црвено предупредување и се во состојба на мобилизација (Red Code).

Дополнително, беше одлучено противпожарната служба да биде во состојба на готовност, со посебен акцент на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во состојба на зголемена готовност е и армијата, грчката полиција и крајбрежната служба.

За невремето, од бројот 112 за итни случаи синоќа беа испратени пораки до жителите на пет региони да ги ограничат нивните движења, додека пак утрово иста порака добија и сите оние што се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

-Поради интензивни временски појави што се очекуваат во периферијата Атика од пладне до доцна навечер во среда, ограничете ги вашите движења само на апсолутно неопходните. Следете ги упатствата на надлежните органи, пишува во пораката од бројот 112.

Поради силниот ветер, бродовите и траектите остануваат закотвени на трите пристаништа во Атина, по издадената забрана за пловидба.

Основните и средните училишта, како и градинките, во повеќе делови на Грција, вклучително и во Атина денеска се затворени, а учениците следат онлајн настава.

Со одлука на префектот на периферијата Атика Никос Хардаљас и по препорака на членовите на Комисијата за процена на опасности, на цивилната заштита и на Националната метеоролошка служба, превентивно ќе останат затворени сите државни и приватни основни и средни училишта на целата територија на Атика. 

Одлуката, како што информираа од периферијата, е со цел заштита на учениците и наставниот кадар од опасностите што може да произлезат од движењата од и кон училиштата, бидејќи од пладне се очекуваат интензивни врнежи од дожд со висока јачина.

Хардаљас, рече дека ги знаат „капацитетите и слабостите на старите инфраструктури“ и затоа избираат превентивен пристап, бидејќи „одговорноста кон децата е јасна и не трпи ризик, а кога станува збор за нивната безбедност, должни сме да бидеме чекор понапред“.

За вработените и во приватниот и во државниот сектор, издадено е упатство за работа од дома во случај да не се во можност да стигнат на работното место, а паралелно за сите што работат на отворено постои задолжителен прекин на работата.

Од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, денешните најави за дожд се класифицирани во Категорија 5 (Екстремна), додека пак директорот на одделот за истражување во опсерваторијата Константинос Лагувардос, за информативниот портал „Ин“ објасни дека во пладневните часови во Атика се очекува „големо и загрижувачко количество дожд за многу краток временски период“, нагласувајќи дека „можно е да наврнат и 50 до 60 милиметри дожд во рок од шест часа“, односно 50-60 литри на квадратен метар.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:Грцијаневремепоракипредупредувањаучилишта
Претходен напис Најмногу снег на Попова Шапка
Следен напис Саем за туризам во Скопје посветен на македонските рурални домаќинства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?