Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје 
Агровести

Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје 

Објавено 13/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сиамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, за дописничката на МИА од Атина, ја потврдуваат и извори од грчката компанија.

Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а според истите информации, во следниот период ќе следува и втората.

Извршниот директор на грчката компанија на вчерашниот настан истакнал дека во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво, кое е основниот производ во поширокиот регион.

Дополнително, според АНА-МПА, посочил дека работењето на нафтоводот ги олеснува извозите не само кон Северна Македонија туку и кон соседните пазари, како Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичкото влијание на земјата во регионот.

Но, и дека се намалува значителниот сообраќаен метеж и оптоварувањето на животната средина во Солун, поради сообраќајот на цистерни, преку кои се вршеше снабдувањето во изминатите 13 години, односно во периодот кога работата на нафтоводот беше прекината.

Премиерот Христијан Мицкоски на крајот на ноември рече дека Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, кој со години не е во функција, и најави дека се очекува нафтоводот да почне со работа.

– Ние како држава ги спроведуваме сите чекори тој продуктовод, кој со години беше уништуван и кој беше конзервиран, да биде ставен во функција. Траат испитувањата, мислам дека е веќе завршено. Треба да почнат пробите на притисокот, ако не се веќе и почнати. Знам дека на Влада помина и ценовникот, така што очекувам оваа година тој продуктовод да биде ставен во функција – изјави Мицкоски на крајот на ноември и посочи дека по ставањето во функција на продуктоводот од Солун до Скопје, останува на компаниите, доколку најдат интерес, да го користат бидејќи како Влада не можеме да го водиме бизнисот на сметка на приватните компании или акционерските друштва.

Пред две години, во интервју за „Катимерини“, извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Сијамисис, говорејќи за нафтоводот, посочи дека годишно може да пренесува 2,5 милиона тони сурова нафта и нафтени деривати (дизел, керозин и бензин). 

Нафтоводот беше неактивен од 2013 година, а од 2020 година се интензивираа напорите кога беше формирана заедничка комисија за да изнајде области на поклопување меѓу инволвираните страни во поповолна средина за повторно да биде ставен во функција.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:работаСолун - Скопје
Претходен напис УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници
Следен напис Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?