Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра – ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра – ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
Агровести

Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра – ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт

Објавено 30/12/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието. 

Како што беше речено пред потпишувањето, проектот е важен чекор кон модернизација на МЖ Транспорт, како и кон унапредување на сигурноста и ефикасноста на товарниот железнички сообраќај.

Условите под кои се обезбедени средствата – долгорочен рок на отплата, поволен грејс период и конкурентна каматна стапка, се во целосна согласност со стратегијата за одговорно управување со јавниот долг и обезбедување одржливи јавни финансии.

– Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на Македонија, а тоа е железницата. Состојбата што ја наследивме беше катастрофална. До неодамна МЖ Транспорт немаше ниту една целосно функционална локомотива, подвлече премиерот Христијан Мицкоски, според кој, ова е системска обнова на железничкиот сектор.

Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со

Мицкоски информира и дека пред Договорот за заем претходеше анализа за потребите, функционалноста и оперативноста на МЖ Транспорт.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, потпишувањето на Договорот е клучен чекор за целосната трансформација на ЖРСМ Транспорт во модерно претпријатие кое ќе одговори на потребите на комитентите.

-Денес имаме можност да заокружиме еден исклучително важен процес кој ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови. Ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт – и во делот на карго-превозот и во патничкиот сообраќај. Сите се сеќаваме дека минатата година, во моментот на формирање на Владата, состојбата беше исклучително тешка. Имавме нула оперативни локомотиви – практично железничкиот транспорт беше парализиран, а бројни композиции стоеја на македонските пруги бидејќи немаше со што да се оперира. Со интензивна работа и со поддршка од претседателот на Владата, успеавме во текот на минатата година да ставиме во функција пет локомотиви, а денес веќе имаме над 11 функционални локомотиви. Со тоа целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата. Во таа насока, набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго-транспортот. Од постојните 11 локомотиви, четири се понови, а седум се постари. Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај. Ова е особено важно за Коридорот 10, кој треба да бележи раст во наредните години, како и за Коридорот 8, кој во моментов интензивно го развиваме преку значајни инвестиции во железничката инфраструктура. Истовремено, оваа инвестиција е дел и од пошироката визија за Скопје – подобрување на квалитетот на воздухот преку воведување на градскиот воз, рече Николоски.

Во моментов, напомена, се работи на една од трите линии во делот на инфраструктурата, а во следните две години ќе се работи и на преостанатите две.

-Кога целиот проект ќе биде завршен, по тие линии ќе сообраќаат исклучиво електрични возови, со јасна цел – целосно да се елиминира употребата на дизел локомотиви и дизел возови во главниот град и да се придонесе за подобар квалитет на воздухот, потенцира Николоски. 

Министерката Димитриеска-Кочоска нагласи дека Договорот за заем е резултат на интензивни и конструктивни преговори и претставува потврда за довербата што меѓународните финансиски институции ја имаат во нашите политики и во насоката во која се движи државата.

-Со денешниот настан и потпишувањето на Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ директно инвестираме во зголемување на капацитетите и ефикасноста на Железници на Република Македонија – Транспорт АД Скопје, преку набавка на нови локомотиви кои ќе овозможат поголем обем и посигурност на товарниот железнички превоз. Тоа значи подобра поврзаност, поголема конкурентност на домашната економија и нови можности за генерирање приходи. Особено значајно е што проектот вклучува и воведување на современ ERP-систем, со што се создава основа за подобро управување со ресурсите, зголемена оперативна ефикасност и повисоко ниво на корпоративно управување во железничкиот сектор, истакна министерката.

Ова е пример, дополни, за интегриран пристап – не само инфраструктурна инвестиција, туку и институционално и управувачко зајакнување.

Според директорот на Железници транспорт, Дејан Кошутиќ, денешниот настан е значаен чекор за железничкиот сектор и за развојот на транспортната инфраструктура во Македонија.

– Во 2025 година Железници – Транспорт работеа во сложени регионални услови, при што беше обезбеден континуитет во товарниот железнички сообраќај и стабилност на системот. Ова беше резултат на посветеноста на вработените, како и на поддршката од Владата и меѓународните партнери. Во текот на годината, заедно со експертите на Европската банка за обнова и развој, работевме интензивно на подготовка на овој проект. Денеска, со потпишувањето на Договорот за заем, се создава основа за обнова на возниот парк и унапредување на сигурноста и ефикасноста на железничкиот сообраќај. Паралелно, беа подготвени Акцискиот план и Бизнис планот, кои ја дефинираат рамката за реформи, подобро управување и долгорочна одржливост. Нивната имплементација почнува во првиот квартал на 2026 година, во тесна соработка со Европската унија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите партнери. Овој проект претставува важен чекор кон модернизација на железничкиот систем и јакнење на регионалната поврзаност. Благодарам на Владата, на Европската банка за обнова и развој и на сите институции и експерти кои придонесоа овој процес да се реализира, подвлече Кошутиќ.

На потпишувањето, покрај претставниците на ЕБОР, присуствуваа и претставници на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт.

Железници на Република Македонија – Транспорт АД Скопје

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:20.9 милиони евравдоговоротЕБОРЖРСМ Транспортзаемлокомотиви
Претходен напис Каматата на кредитите во ноември 4,80%, на депозитите 2,18%
Следен напис Успешно завршен проект – ЕИБ 7 кредитната линија во износ од 100 милиони евра за поддршка на македонски компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?