Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите не отстапуваат од нивните барања, платежната агенција објаснува зошто не се исплатени сите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите не отстапуваат од нивните барања, платежната агенција објаснува зошто не се исплатени сите
Агровести

Сточарите не отстапуваат од нивните барања, платежната агенција објаснува зошто не се исплатени сите

Објавено 26/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Препукувањата помеѓу сточарите и Платежната агенција продолжуваат. По објавениот прилог на Телевизија 24, кој се емитуваше во среда, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги испратија одговорите на нашите прашања поврзани со исплатата на сточарите.

Имено, од таму за 24 појаснуваат зошто голем дел од сточарите не биле опфатени со последната исплата на 22 декември.

– Вкупно сточари кои имаат поднесено единствено барање за субвенции за 2024 година се 2440. Сите овие се исплатени за основната мерка во висина од 30% авансна исплата од 600 денари. Сточари кои не ги исполниле условите од мерката се 1219. Од нив, 695 сточари немаат вопшто ниту едно јагне предадено во кланични капацитети. Кај 472 сточари разликата е поголема од 15 јагниња или не достигнува ни 20% предадено во кланични капацитети, а 54 сточари се во групата која за исполнување на условот од 50% им фалат од 1 до- 12 јагниња. 

Од Агенцијата дообјаснуваат и за останатите мерки. Велат, за органско производство на јагне за 2023 се исплатени 300 денари по грло на сите кои имаат поднесено барање, а останатите 700 денари Агенцијата нема можност да ги исплати бидејќи имаат услов да донесат документ од кланица регистрирана за колење на органско јагне.

– Ниту еден од сточарите не го исполнува и не може да го исполни овој услов, затоа што не постои сертифицирана кланица за органско во која сточарите би можеле да носат органски јагниња и со тоа неможе да им се издаде документ за предадено органско јагне.

Револтот кај одгледувачите на овци и понатаму расте. Во реакцијата од Сојузот на одгледувачи на овци ставот на Агенцијата го карактеризираат како груба манипулација спрема сточарите, или како елементарно непознавање на програмата која треба да ја реализираат.

– За годината 2023та сточарите беа исплатени само по однос на подмерка 2.7, додека за 2.4 скоро и да е невозможно да го остварат правото и како последица на тоа неостварлива е мерката 2.8. Меѓутоа би требало да се знае дека одгледувачите на овци, сè уште ги очекуваат средствата по однос на подмерка 2.11 од уредбата, кои безусловно им следуваат.

По  илустрираниот демант од страна на сточарите и делумно исплатените субвенции, најавите за грчко сценарио остануваат во игра. Велат, освен субвенциите и мерките за сертифицирано органско производство, не отстапуваат ниту во барањата за поврат на нето плата на овчарите за изминатите 2023 и 2024та година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агенцијабарањесточари
Претходен напис Стопанска комора: Ни треба дебата за БДП, извозот, градежништвото, металургијата…
Следен напис Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?