Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Во тек е рокот за поднесување на барање за паушално оданочување (ДЛД-П) за 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Во тек е рокот за поднесување на барање за паушално оданочување (ДЛД-П) за 2026 година
Агровести

УЈП: Во тек е рокот за поднесување на барање за паушално оданочување (ДЛД-П) за 2026 година

Објавено 24/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека е во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-П www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1166/89-19-DLD-P_07.05.2019.pdf) за 2026 година.

Паушалното оданочување, како што велат, претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција.

-Во рамки на овој режим, обврзникот не поднесува даночни пријави и даночни биланси, туку данокот се пресметува и плаќа во паушален износ, утврден од страна на Управата за јавни приходи со даночно решение, врз основа на законски утврдени критериуми како што се: видот на дејноста, локацијата, очекуваните приходи и други релевантни фактори, прецизираат од УЈП.

Нагласуваат дека право на паушално оданочување имаат самостојни вршители на дејност (СВД – занаетчии) кои поради определени околности, не се во состојба да водат деловни книги или на кои нивното водење значително им го отежнува вршењето на дејноста.

-Ова право го имаат даночни обврзници кои дејноста ја вршат исклучиво со сопствен труд, без вработени лица. Примери за вакви обврзници се: крпач на кондури, бербер од помали места, постаро лице кое врши занает и други лица кои самостојно ја вршат својата дејност. Услов за користење на паушалното оданочување е даночниот обврзник да не остварува приходи повисоки од две годишни просечни бруто-плати по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, информираат од УЈП.

Правото на паушално оданочување, додаваат, не се признава кај самостоен вршител на дејност кој: врши трговска, угостителска или комисиона дејност; вработува повеќе од едно лице, покрај самиот обврзник; има вложувања од други лица во дејноста; остварил нето-доход во годината што ѝ претходи на годината за која се утврдува данокот, повисок од две годишни просечни бруто-плати по работник во РСМ. 

-Сите самостојни вршители на дејност кои веќе се во режим на паушално оданочување или сакаат да преминат во режим паушално оданочување имаат право секоја година, најдоцна до 31 декември, да поднесат ново Барање (образец ДЛД-П) за наредната година, со цел продолжување на правото за користење на овој режим. За новорегистрираните даночни обврзници, рокот за поднесување на Барањето за паушално оданочување (образец ДЛД-П) е 15 дена од денот на регистрација во соодветниот регистар или пред започнување со вршење на дејноста, појаснуваат од УЈП.

По доставените барања, нагласуваат, Управата за јавни приходи врши теренска проверка со цел утврдување на фактичката состојба, во однос на: местото на вршење на дејноста, опременоста и површината на деловната просторија, пазарните услови, како и други релевантни околности (старост и способност на обврзникот и сл.).

За даночните обврзници кои ги исполнуваат условите, УЈП донесува Решение за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година, односно до крајот на месецот што следи по месецот во кој обврзникот започнува со вршење на дејноста. Даночните обврзници кои ќе добијат Решение за паушално оданочување, истовремено добиваат и аконтативни пресметки и налози за плаќање на месечни аконтации. Уплатата на данокот се врши секој месец најдоцна до 15-ти, за претходниот месец со налогот од УЈП. 

Дополнителни информации и поддршка заинтересираните може да добијат на е-пошта: [email protected] и на телефоните 0800 33 000 и 02 3253 200. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:барањеданоккритериумиујп
Претходен напис (ВИДЕО) Божидар подели 10 тони зелка бесплатно! Подобро да им дадам на луѓето отколку да фрлам!
Следен напис Комисијата најави зајакнување на контролите на производите што се увезуваат во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?