Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Во второто тримесечие бележиме раст од 24,6% во откуп и продажба на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Во второто тримесечие бележиме раст од 24,6% во откуп и продажба на земјоделски производи
Агровести

Трипуновски: Во второто тримесечие бележиме раст од 24,6% во откуп и продажба на земјоделски производи

Објавено 19/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во Дневникот на МРТ истакна дека доколку повторно би се вратил на почетокот на годината, би работел со истото темпо и посветеност во реализацијата на бројните проекти и програми на Министерството, со јасна цел за унапредување и зајакнување на земјоделскиот сектор.

„Годината ја оценувам како многу успешна, со значајни и мерливи резултати. Донесени се важни законски решенија, реализирани се јавни повици за прераспределба на земјоделско земјиште и ловишта, како и активности за забрзување на долго запоставени проекти, и тоа проектот со Светска банка за изградба на откупни центри во Скопје и Струмица, како и проектот финансиран со кредит од германска банка за изградба на системи за наводнување, кои се во напредна фаза. Во текот на 2026 година ќе започне и нивната реална изградба“, појасни министерот Трипуновски.

Тој нагласи дека нема потфрлување во земјоделскиот сектор, што го потврдуваат и официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

„Во второто тримесечие, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3,6 милијарди денари, што претставува зголемување од 24,6% во однос на истиот период од 2024 година. Во третото тримесечие, откупот и продажбата достигнаа 5,2 милијарди денари, што е раст од 12%, односно околу 10,4% споредбено со 2024 година. Овие бројки се јасен показател дека сме значително поуспешни од минатата година“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека позитивните трендови се евидентни и во делот на извозот на земјоделски производи, во периодот јануари – октомври, извозот на храна бележи раст од 5,5% во споредба со 2024 година. Кај пијалоците и извозот на тутун е забележан раст од дури 30%. Овие податоци се показател дека сме на вистинскиот пат кон враќање и зајакнување на македонското земјоделство.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:земјоделциМинистеротуп
Претходен напис (ВИДЕО) Протест на производители од малешевијата: За илјадници тони компир нема пласман
Следен напис Статус кво по ИПАРД аферата: Компании сѐ уште чекаат исплати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?