Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок, најави Димитриеска-Кочоска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок, најави Димитриеска-Кочоска
Агровести

На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок, најави Димитриеска-Кочоска

Објавено 06/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок. Има голем дел компании што се откажаа од затезната камата, а нема компании што се откажале од главниот долг, рече на денешната  прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање. 

– Во однос на солидарниoт данок, на последната владина седница, на зaтворена седница требаше да носиме одлука за повеќе информации, за износите, произнесувањето на одредени компании. Знаете дека податоците од Управата за јавни прихoди (УЈП) имаат третман на даночна тајна и не може да се дискутира на отворена седница на Влада. Но, имаше некои причини поради коишто таа седница се одложи за следниот вторник, кога точно ќе биде известена и Владата. Има голем дел од компаниите што се откажаа од затезната камата. Нема компании коишто се откажале од главниот долг. Значи, она што го уплатиле не се откажуваат, но има многу од нив коишто се откажуваат од каматата, рече министерката во во Медиа центарот во Владата.

Најголем дел од компаниите, како што рече, го прифатија нашиот предлог за отплата на две години, во март 2026 и 2027 година, но има и такви коишто не прифатија и понудија други услови за враќање на средствата.

– Сето тоа треба да помине на владина седница, да ја информираме Владата и потоа ќе информираме подетално. Од аспект имињата на компаниите, ќе треба уште еднаш да се провериме согласно закон, дали имаме можност да ги кажеме сите компании, која што побарала и како. Пак ќе кажам,  има третман на даночна тајна, и мислам дека не би било коректно вака транспарентно да се каже кој се откажал, кој не се откажал од каматите итн., појасни Димитриеска-Кочоска. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:владина седницаДимитриеска-Кочоскасолидарниот данок
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Следен напис Тетово домаќин на меѓународен натпревар за квалитет на мед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?