Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Обилните врнежи од дожд во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во општина Чешиново – Облешево и околните села
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Обилните врнежи од дожд во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во општина Чешиново – Облешево и околните села
Агровести

ЦУК: Обилните врнежи од дожд во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во општина Чешиново – Облешево и околните села

Објавено 29/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија источниот регион од земјава, утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во општина Чешиново – Облешево и околните села, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Според податоците добиени од градоначалникот на Општината, Далибор Ангелов, директорот на ЦУК информира дека локалната самоуправа е активно ангажирана на терен со сите расположливи ресурси.

– Во интервенциите учествуваат и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК –  Кочани. Побарана е и дополнителна материјално-техничка поддршка, особено за испумпување вода од поплавените објекти, вели директорот на ЦУК.

Али додава дека реките Брегалница и Кочанска река имаат значително зголемен водостој, додека на одредени локации во општините Штип и Чешиново – Облешево е забележано нивно излевање од коритата.

– Како последица на врнежите, утрово се појавија свлечишта на експресниот пат Радовиш – Штип и на патниот правец Злетово – брана Кнежево. За настаните од страна на ЦУК веднаш беше информирано ЈП Македонија пат, чии екипи излегоа на терен и интервенираа соодветно, наведува Али.

Тој додава дека е забележано лизгање на земјиште во село Липково, кај место викано Кисела Вода. За овој случај, вели, Општина Липково веќе информирала дека располага со ограничени ресурси за интервенции од ваков тип, поради што, побарала да се вклучат државните институции во санирање на свлечиштето.

ЦУК

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:дождпоплавувањеЧешиново – Облешево
Претходен напис Без вода утре остануваат повеќе скопски улици во општините Бутел и Гази Баба
Следен напис Грчките земјоделци до крајот на 2025 ќе добијат 3,7 милијарди евра – еве за кои програми ќе се користат парите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?