Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Имаме земјоделци, површини и фабрика што може да го преработи сончогледот да не увеземе ни литар масло за јадење, ама немаме стратегија…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Имаме земјоделци, површини и фабрика што може да го преработи сончогледот да не увеземе ни литар масло за јадење, ама немаме стратегија…
Агровести

Имаме земјоделци, површини и фабрика што може да го преработи сончогледот да не увеземе ни литар масло за јадење, ама немаме стратегија…

Објавено 28/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес попозната како Маслодајна оваа година откупи 4.950 тони домашен сончоглед и увезе 2.262 тона сончоглед или вупно околу 7.300 тона сончоглед иако капацитетот на оваа фабрика е далеку поголем. Со оваа количество само за еден месец во годината може да се задоволи домашниот пазар, но поради малиот интерес на земјоделците за производство на сончоглед фабриката е принудена најголемиот дел од суровината да увезува од странство и тоа не како сончоглед, туку како сурово масло иако има големи капацитети за откуп на поголеми количества на сончоглед и производство на масло за јадење и задоволување на целокупниот домашен пазар.

За заштита на домашното производство на сончоглед сопственикот и главен директор на „Кристал1923“  Горан Лазов на денешната прес-конференција повторно побара од надлежните намалување  на ДДВ за сончогледот од 10 на 5  отсто како што беше порано, бидејќи според него сончогледот не е луксузно растение туку индустриско растение. Тој воедно бара зголемување на ДДВ за увоз на сурово масло како суровина од 5 на 10 отсто со што и државата би имала поголем прилив во државната каса.

Тој  потенцира дека велешка Маслодајна има големи капацитети и може да откупи многу поголемо количество на сончоглед и целото да го преработи во масло за јадење и целосно да го задоволи македонскиот пазар, а да се намали увозот на сурово масло за производство на масло за јадење.

Воедно информира дека досега исплатил 80 проценти од земјоделците, а до Нова година најави дека ќе ги доисплати уште преостанатите 20 проценти од земјоделците кои во Маслодајна го предале сончогледот.

Лазов рече дека иако тој повеќе години наназад се залага за поголемо производство, сепак производството на сончоглед односно интересот на земјоделците во земјава е се уште многу мал и само во два региони – Пелагонсискиот  и Кумановскиот.

-Иако обебедуваме и семенски материјал за земјоделците и се трудиме и навреме им исплаќаме за предадениот сончоглед, сепак за жал нема некои поголеми зголемувања на количините на сончоглед во земјава, посочи Лазов.

Тој му порача на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се запраша зошто во земјава не се зголемува производството на сончоглед иако, како што посочи, МЗШВ се залага за зголемување на домашно земјоделско производство.

-Затоа апелирам до МЗШВ да преиспита каде е проблемот и заеднички ние како откупувачи, МЗШВ и земјоделците да го решаваме тој проблем во интерес на сите, рече Лазов.

Нагласи дека за да имаат ниски цени на маслото за јадење потребно им е доволно количество домашна суровина-сончоглед, кое ќе ги задоволи домашните потреби, а не да се принудени на увоз, со што производот е секогаш поскап.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцимасло за јадењестратегија
Претходен напис Лазов: Домашниот сончоглед се оданочува како луксузна стока со 10%, а увозното сурово масло со 5%, каде е тука логиката?
Следен напис Времето викендов ќе биде дождливо и магливо со максимална температура до 12 стапени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?