Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески на средба со градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески на средба со градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски
Агровести

Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески на средба со градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски

Објавено 28/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прва работна средба на претседателот на Стопанска комора Бранко Азески со новиот градоначалник на општина Карпош Сотир Лукровски, во просториите на општината. На средбата, ќе се разговара приоритетно за економските потенцијали на општината и улогата на бизнис секторот во развојот на оваа урбана скопска општина.

Општина Карпош која има развиена соодветна сообраќајна патна инфраструктура, согласно потенцијалот за развој на локалната самоуправа, има можности за идни инвестициски активности кои исто така ќе бидат предмет на разговор на работната средба, што треба да и даде можност на оваа општина да се претстави како атрактивна бизнис дестинација за деловните субјекти во насока на поттик за поголем економски раст. Предмет на интерес се и другите теми значајни за бизнисот и општината, а кои Стопанската комора ги поддржува кога одат во правец на остварување на повисок процент на економски раст, владеење на принципите на пазарната економија, јакнење на децентрализацијата.

Согласно стратегиските документи на општината, потенцијал за развој постои во насока на поттикнување на растот на постојната стопанска структура, побрза изградба на урбанизираните локации, поголемата искористеност на туристичкиот потенцијал. Потребите за инвестиции се однесуваат на подобрување на инфраструктурата и бизнис средината, поттикнување и поддршка на економските активности на приватниот сектор и градење на капацитетот на човечки ресурси за вработување, водење бизнис општински проекти.

Во Општина Карпош бројот на активни деловни субјекти во 2021 година е околу 4.500, доминантно во трговијата на големо и мало, а евидентирани се и над 600 компании од преработувачка индустрија и градежништвото, што ја отсликува структурата на стопанскиот развој.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бранко Азескиопштина карпошСотир ЛукровскиСтопанска комора
Претходен напис МЗШВ: Потребни материјали за полагање на испити од областа на рибарството и аквакултурата
Следен напис Современ систем за управување со отпад: Што се менува во Источниот и Североисточниот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?