Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Современ систем за управување со отпад: Што се менува во Источниот и Североисточниот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Современ систем за управување со отпад: Што се менува во Источниот и Североисточниот регион
Агровести

Современ систем за управување со отпад: Што се менува во Источниот и Североисточниот регион

Објавено 28/11/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот СЕНЕ3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија и регионалните центри за управување со отпад преку јакнење на капацитетите, техничката помош и активностите за подигање на јавната свест. Тој промовира ефикасно собирање на отпад, рециклирање и намалување на количествата отпад, придонесувајќи за почисти региони, подобри јавни услуги и посилна заштита на животната средина, во согласност со стандардите на Европската Унија.

Почист и поорганизиран систем за управување со отпад конечно пристигнува во Источниот и Североисточниот регион. Благодарение на проектот СЕНЕ3, поддржан од Европската Унија, начинот на кој се собира и третира отпадот е целосно редизајниран за да одговара на модерните европски стандарди.

Со години, многу градови и села се потпираа на нестандардни депонии и неефикасно собирање на отпад. Новиот систем тоа го менува. Тој воспоставува координирана мрежа во која отпадот ќе се сортира, транспортира и преработува на соодветен начин, наместо да завршува во природата.

Еве како ќе функционира тоа во секојдневието:
Секоја општина ќе добие јасно обележани садови за селекција на отпадот. Хартијата, стаклото, пластиката и металот се предвидени за сад за рециклабилен отпад, додека преостанатиот отпад – како остатоци од храна– ќе се собира во друг сад.
Домаќинствата ќе имаат активна улога во заштитата на животната средина преку домашно компостирање – претворајќи го органскиот отпад во вредно, хранливо ѓубриво за позелена иднина.

Ќе бидат креирани собирни места за електричен и електронски отпад, отпад од градежни активности и опасен комунален отпад, кои ќе го поддржуваат новиот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион. Редовните рути за собирање ќе обезбедат навремено подигање и транспортирање на отпадот до соодветните локации.

Откога отпадот ќе биде собран од вашето населено место, најпрво ќе биде пренесен во претоварни станици – современи локални постројки каде што помали камиони ќе го истоварат отпадот, кој потоа ќе се пресува и подготви за транспорт кон централната инсталација со поголеми камиони. Ова го прави процесот побрз, почист и поефикасен, особено за помалите и рурални општини.

Од претоварните станици, отпадот ќе продолжи кон Регионалниот центар за управување со отпад во близина на Свети Николе, каде што ќе се применува современа технологија.
Во постројката за сортирање на отпад ќе се издвојуваат рециклабилните материјали од садовите за рециклабилен отпад, додека преостанатиот отпад ќе се третира во постројката за механичко-биолошки третман.
Во овој процес, органскиот дел од отпадот ќе се претвора во стабилизиран материјал наречен „производ сличен на компост“, којшто може да се користи како покривен материјал на санитарната депонија.

Она што не може да се рециклира или повторно употреби ќе се отстранува на современата санитарна депонија, изградена според сите стандарди на Европската Унија. За разлика од нестандардните депонии, оваа депонија ќе биде контролирана, надгледувана и опремена со системи за спречување за загадување на воздухот, водата и почвата. Создадениот исцедок и биогас ќе се собираат и третираат, со што биостабилизираниот преостанат отпад ќе биде безбедно отстранет и ќе нема негативни влијанија врза медиумите и областите на животната средина.

Паралелно, низ регионот се затвораат и рехабилитираат нестандардните депонии. Наместо купишта отпад и чад, овие локации се покриваат, рекултивираат и претвораат во безбедни, зелени површини.

Со подобра организација, јасни правила за собирање и инфраструктура изградена според ЕУ стандардите, граѓаните ќе добијат почисти улици, поздрави услови за живеење и сигурни комунални услуги.

Секој граѓанин има мала, но значајна улога:
Селектирај го отпадот, користи ги садовите за рециклирање и собирните места, и придржувај се до распоредот за собирање.

Само заедно можеме да обезбедиме успешен нов систем – затоа што почистите населени места и побезбедната животна средина зависат од нас.

Со поддршка од Европската Унија, проектот SENE3 им помага на Источниот и Североисточниот регион да бидат пример за модерен и одржлив систем за управување со отпад – процес што започнува пред нашите врати и се гради со заедничка одговорност.

*Комерцијален текст

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:СЕНЕ3
Претходен напис Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески на средба со градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски
Следен напис АХВ со демант дека ученицитете во интернатот „Здравко Цветковски” во Скопје се хранат со оброци со бубашваби
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?