Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Советот на ЕУ го одобри Буџетот на Унијата за 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Советот на ЕУ го одобри Буџетот на Унијата за 2026 година
Агровести

Советот на ЕУ го одобри Буџетот на Унијата за 2026 година

Објавено 24/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на ЕУ денеска фромално го усвои Предлог-буџетот на Европската Унија за 2026 година, којшто беше усогласен со Европскиот парламент на 15 ноември во раните утрински часови.

Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра во „исплати“. „Обврските“ се трошоци за активности што се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, а „исплатите“ опфаќаат расходи за проекти само за тековната година.

По усвојувањето на Буџетот, данскиот министер за финансии Николај Вамен, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, изјави дека со ова е направивме последниот чекор во обезбедувањето средства што ќе и овозможат на Унијата да продолжи да ги исполнува заедничките приоритети во текот на следната година.

– Со оглед на приоритетите, како што се одбраната, миграцијата, конкурентноста и подготвеноста, овој Буџет ни овозможува решително да одговориме на потребите на европските граѓани. Во исто време, вградивме флексибилност за да можеме да се справиме со кризите што се во тек, додаде Вамен.

Со Буџетот за реагирање во непредвидени околности се обезбедни 715,7 милиони евра.

Останува Буџетот сега да биде и формално одобрен од страна на Европскиот парламент, што се очекува да се случи в среда.

Се предвидува Буџетот на ЕУ за следната година да ја зголеми конкурентноста, да ја зајакне одбранбената подготвеност на Европа, да обезбеди поддршка за хуманитарна помош, да се справи со миграциските притисоци, како и да овозможи брза и ефикасна реакција на непредвидени потреби и кризи.

Од вкупните средства за „обврски“ за ставката „единствен пазар, иновации и дигитални технологии“ се предвидени 22,163 милијарди евра, за „кохезија, отпорност и вредности“ – 71,65 милијарди, за „природни ресурси и животна средина“ – 56,529 милијарди, за „миграција и управување со границите“ – 5,019 милијарди, за „безбедност и одбрана“ – 2,814 милијарди, за „соседство и светот“ – 15,6 милијарди, за „јавна администрација“ – 13,278 милијарди и за „специјални инструменти“ – 5,716 милијарди евра.

Во делот на „исплатите“ за „единствениот пазар, иновации и дигитални технологии“ се наменети 23,337 милијарди евра, за „кохезија, отпорност и вредности“ – 73,167 милијарди, за „природни ресурси и животна средина“ – 52,577 милијарди, за „миграција и управување со границите“ – 3,888 милијарди, за „безбедност и одбрана“ – 2,253 милијарди, за „соседство и светот“ – 16,57 милијарди, за „јавна администрација“ – 13,278 милијарди и за „специјални инструменти“ – 5,022 милијарди евра.

Вкупните средства за „обврски“ се на ниво од еден отсто од БДП на ЕУ, а „исплатите“ на 0,99 проценти од европскиот БДП.

Со усогласениот Буџет за следната година, во однос на првичниот предлог на Еврокомисијата, зголемени се средствата се програмата за научни истражувања „Хоризонт Европа“, за транспортните и енергетските мрежи, за цивилната заштита и за земјоделство.

Инаку, ова е шести годишен Буџет во рамките на Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2026БуџетотСоветот на ЕУУнијата
Претходен напис Откупот на тутунот не е интензивиран, компаниите тактизираат
Следен напис Од 26 до 30 ноември секоја трансакција со Дајнерс ја плаќате одложено од 1.02.2026, аплицирајте за картичка!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?