Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на ДИЗ, Васе Анакиев присуствуваше на престижниот меѓународен саем “Wine Vision by Open Balkan” во Белград
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на ДИЗ, Васе Анакиев присуствуваше на престижниот меѓународен саем “Wine Vision by Open Balkan” во Белград
Агровести

Директорот на ДИЗ, Васе Анакиев присуствуваше на престижниот меѓународен саем “Wine Vision by Open Balkan” во Белград

Објавено 24/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство г-дин. Васе Анакиев присуствуваше на престижниот меѓународен саем “Wine Vision by Open Balkan” во Белград – настан кој прерасна во една од клучните регионални платформи за промоција на виното, храната и гастрономската култура на земјите од Западен Балкан. Овој саем годинава собра голем број учесници и посетители, а особено впечатлива беше силната македонска претставеност со повеќе од 100 домашни изложувачи – винарии, производители на храна, мали семејни бизниси и реномирани компании од агро-прехранбениот сектор.

Како дел од официјалната делегација, Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, заедно со Министерот за земјоделство г-дин. Цветан Трипуновски ги посетија македонските штандови, при што остварија непосредни средби со производителите, дискутираа за нивните искуства, предизвици и можности за проширување на извозот. Посетата беше силен показател за поддршката што институциите ја даваат на домашниот аграрно-прехранбен сектор, особено во делот на унапредување на квалитетот, безбедноста на храната и зголемувањето на конкурентноста на меѓународниот пазар.

На саемот, македонските излагачи повторно го потврдија високиот квалитет на нашите вина, кои се препознаени по уникатниот тероар, традицијата, автохтоните сорти како Кратошија и Станушина, како и современите производствени процеси што ги следат највисоките европски стандарди. Покрај виното, голем интерес предизвикаа и традиционалните македонски прехранбени производи, органски производи и специфични гастрономски специјалитети кои ја претставија богатата македонска кујна.

Саемот претставуваше можност за интензивирање на регионалната економска соработка преку иницијативата Open Balkan, важна платформа која овозможува полесен проток на стоки, услуги и идеи меѓу земјите од регионот. Во тој контекст, присуството на Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство беше особено значајно, бидејќи инспекторатот игра клучна улога во осигурувањето на квалитетот и безбедноста на сите земјоделски и прехранбени производи кои се пласираат на домашниот и меѓународниот пазар.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:белградДИЗдиректор
Претходен напис ЕКОНОМИЈАТА ПОД ШАРА: Водечките компании со вкупен приход од 241,5 милиони евра
Следен напис УХМР: Зголемено нивото на повеќе реки во земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?