Државниот секретар на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски присуствуваше во Будимпешта на Петтата сесија на македонско–унгарската економска соработка, каде што земјоделството и руралниот развој се издвоија како приоритетни области во кои двете земји гледаат заеднички интерес и јасен потенцијал за напредок.
„Средбите со унгарските претставници овозможија отворен и конструктивен дијалог за современите предизвици со кои се соочуваат земјоделците, потребата од модерни технологии, зголемување на продуктивноста и создавање услови за одржлив развој на руралните средини.

Разговорите отворија можности за:
– заеднички проекти во дигиталното и прецизното земјоделство,
– поддршка на младите земјоделци и семејните фарми,
– унапредување на преработувачката индустрија,
– размена на експертиза за европските земјоделски политики,
– јакнење на руралните заедници преку инфраструктурни и социјални програми, истакна Серафимовски.

Toj посочи дека овие билатерални средби се основа за практични решенија, подобри услуги за земјоделците и заеднички иницијативи кои ќе придонесат кон вистински развој на руралните средини.
МЗШВ
