Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години  
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години  
Агровести

Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години  

Објавено 17/11/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи на земјава. 

– И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци од 2025 година, достигнувањето на целта за дефицит од четири отсто од БДП за 2025 година претставува предизвик, бидејќи тековните трошоци беа повисоки од првично планираните. Се предвидува дека дефицитот постепено ќе се намалува, но ќе остане над три проценти од БДП, се вели во документот. 

Според ЕК, во првата половина од 2025 година економската активност во голема мера била поттикната од инвестициите и приватната потрошувачка, додека јавната потрошувачка останала непроменета по значителното зголемување минатата година.  

– Растот на потрошувачката на домаќинствата се зголеми по слабите перформанси во 2024 година, поддржан од зголемувањето на реалните расположливи приходи поттикнати од силниот раст на пензиите и платите, експанзијата на кредитите за домаќинствата и намалувањето на инфлацијата, се вели во Прогнозата.  

Комисијата предвидува дека приватната потрошувачка веројатно ќе остане силна во текот на 2026 и 2027, при што расположливиот доход постепено ќе се зголемува дополнително, иако со пониски стапки со оглед на проектираниот раст на платите и пензиите.  

– Бруто инвестициите веројатно ќе бидат главниот поттикнувач на растот. Јавните работи на патните коридори 8 и 10д започнаа во 2025 година и нивниот придонес кон економскиот раст се очекува да достигне врв во 2027 година. Приватните инвестиции имаат корист од подобрувањето на амбиентот и субвенционираното финансирање преку заеми од Унгарија и кредитни линии на ЕИБ, се наведува во Прогнозата. 

Во документот се додава дека македонскиот извоз и увоз во првата половина од 2025 година забележаа подобри резултати од она што беше предвидено со Пролетната прогноза на ЕК.  

Според ЕК, иако трговските врски на земјата со САД се ограничени, таа сепак е индиректно изложена на влијанието на американските царини преку извозот на автомобилски компоненти во Германија.  

– Иако се предвидува растот на извозот да забави по силната прва половина, а увозот да се зголеми за да се задоволи домашната побарувачка, сепак се очекува намалување на негативното влијание на надворешната трговска размена врз растот, смета ЕК. 

Во документот се додава дека како резултат на зголемувањето на цените на храната, инфлацијата почнала да расте од септември минатата година 

– Во 2025 година, главен предизвик за инфлацијата беа домашните фактори и тоа зголемувањето на платите и кредитниот раст, наместо цените на храната и енергијата. Ова се одрази во закрепнување на вкупната инфлација во текот на летото, се додава во Прогнозата. 

Во неа се предвидува инфлацијата годинава да биде нешто повисока од претходно очекуваното, но и дека таа до 2027 година ќе ја достигне целта на Централната банка за инфлациска стапка од 2 проценти. 

– Централната банка ја намали основната каматна стапка во неколку наврати од 6,3 во септември 2024 година на 5,35 отсто во февруари 2025 година, се додава во текстот. 

Во документот се оценува дека и покрај одржливиот раст на вработеноста во првата половина од 2024 година и намалувањето на невработеноста, особено кај жените, неактивноста на работоспособното население останува висока.  

– Бруто номиналните плати се зголемија за 12,9 отсто во 2024 година, поттикнати од повисоката минимална плата, колективните договори и недостигот на работна сила во многу сектори, но растот на платите донекаде се смири во првата половина од 2025 година. Во овој контекст, растот на вработеноста веројатно ќе остане пригушен, се додека не се решат големите структурни предизвици, како што е малата понуда на пазарот на трудот, се вели во Прогнозата. 

Европската комисија посочува и дека во првите девет месеци од годината е регистрирано силно зголемување на даночните приходи, при што со ребалансот на Буџетот во јули годинава беа зголемени и проекциите за приходите и за трошоците, без промена на целта за дефицит од четири отсто од БДП. 

– Приходите беа прилагодени со претходно небуџетиран трансфер на профитот на централната банка кон Владата. Трошењето беше зголемено за пензии, плати и стоки и услуги. Јавните инвестиции беа ниски во првите три квартали од 2025 година, па неискористените средства може да бидат пренасочени кон тековните трошоци за да се достигне целта за дефицитот за 2025 година, се додава во документот. 

Во него се предвидува дека дефицитот постепено ќе се намалува во текот на следните две години, како резултата на поограничените зголемувања на платите во јавниот сектор и на пензиите, целно насочените социјални трошоци и робусното зголемување на приходите во согласност со проекциите за економски раст.  

Еврокомисијата посочува дека Владата мора да преземе конкретни мерки за консолидација за да ја оствари целта за дефицит од 3 отсто од БДП до 2027 година, како и дека во наредните две години ќе и биде потребно годишно финансирање на ниво од 10 до 12 отсто од БДП, поради доспевањето на „големата отплата“ од 700 милиони евра за еврообврзницата од 2020 година, што доспева во јуни 2026 година. 

Како евентуални ризици со кои би можела да се соочи македонската економија во следните две години во документот се посочуваат намалувањето на потрошувачката на домаќинствата како резултат на инфлацијата или појава на проблеми во имплементацијата на инфраструктурните проекти, што би резултирало со помали позитивни придобивки од нив по домашната економија. 

– Спротивно на тоа, брзото завршување на структурните реформи, како што е договорено во рамките на Планот за раст со ЕУ, би ги подобрило перспективите за продуктивност и раст, се заклучува во Есенската економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот за земјава. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕКмакедонскиот БДПпрогнозаРастот
Претходен напис Трипуновски од терен: Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025
Следен напис Поскапуваат бензините и дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?