Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година 
Агровести

Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година 

Објавено 15/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за Буџетот на ЕУ за 2026 година, кој би требало да се фокусира на исполнување на приоритетите на Унијата и на справување со тековните предизвици. 

Во усогласениот Буџет, вкупно 192,768 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,092 милијарди евра во „исплати“. Дополнително уште 715,7 милиони евра од Буџетот за оваа година ќе бидат префрлени во следната за непредвидливи потреби и трошоци. „Обврските“ се трошоци за активности што се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, а „исплатите“ опфаќаат расходи за обврски само за тековната година. 

Се очекува Буџетот на ЕУ за следната година да ја зголеми конкурентноста, да ја зајакне одбранбената подготвеност на Европа, да обезбеди поддршка за хуманитарна помош, да се справи со миграциските притисоци, како и да овозможи брза и ефикасна реакција на непредвидени потреби и кризи. 

Од вкупните средства за „обврски“ за ставката „единствен пазар, иновации и дигитални технологии“ се предвидени 22,163 милијарди евра, за „кохезија, отпорност и вредности“ – 71,65 милијарди, за „природни ресурси и животна средина“ – 56,529  милијарди, за „миграција и управување со границите“ – 5,019 милијарди, за „безбедност и одбрана“ – 2,814 милијарди, за „соседство и светот“ – 15,6 милијарди, за „јавна администрација“ – 13,278 милијарди и за „специјални инструменти“ – 5,716 милијарди евра.     

Во делот на „исплатите“ за „единствениот пазар, иновации и дигитални технологии“ се наменети 23,337 милијарди евра, за „кохезија, отпорност и вредности“ – 73,167 милијарди, за „природни ресурси и животна средина“ – 52,577 милијарди, за „миграција и управување со границите“ – 3,888 милијарди, за „безбедност и одбрана“ – 2,253 милијарди, за „соседство и светот“ – 16,57 милијарди, за „јавна администрација“ – 13,278 милијарди и за „специјални инструменти“ – 5,022 милијарди евра. 

Вкупните средства за „обврски“ се на ниво од еден отсто од БДП на ЕУ, а „исплатите“ на 0,99 проценти од европскиот БДП.   

Со усогласениот Буџет за следната година, во однос на првичниот предлог на Еврокомисијата, зголемени се средствата се програмата за научни истражувања „Хоризонт Европа“, за транспортните и енергетските мрежи, за цивилната заштита и за земјоделство. 

Инаку, ова е шести годишен Буџет во рамките на Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година.  

Сега Советот и Европскиот парламент имаат рок од 14 дена формално да го одобрат постигнатиот договор за Буџетот за 2026 година.  

Според најавите, Советот на ЕУ треба да го одобри Буџетот на 24 ноември. За усвојување на Буџетот потребно е квалификувано мнозинство во рамките на Советот. 

Во Европарламентот предвидено е Комитетот за буџет да се изјасни по предлогот на 20 ноември, по што тој би требало да биде усвоен на пленарната парламентарна сесија, што ќе се одржи од 24 до 27 ноември во Стразбур.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2026БуџетотеуУсогласен
Претходен напис Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка
Следен напис Постојано достапна вода и повеќе пченка – Исхрана на живината во зима
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?