Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Минималната плата ќе се зголеми за 2.000 денари во март 2026 година, најави министерот Дурмиши
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Минималната плата ќе се зголеми за 2.000 денари во март 2026 година, најави министерот Дурмиши
Агровести

Минималната плата ќе се зголеми за 2.000 денари во март 2026 година, најави министерот Дурмиши

Објавено 13/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска објави дека минималната плата во Северна Македонија ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година.

Како што истакна Дурмиши, ова зголемување е дел од владините мерки за подобрување на животниот стандард и поддршка на работниците со најниски примања. Тој додаде дека Владата работи на усогласување на минималната плата со инфлацијата и растечките трошоци за живот, со цел граѓаните да почувствуваат реално подобрување во семејните буџети.

„Нашата цел е работниците да живеат достоинствено од својата плата, а компаниите да имаат предуслови за стабилен развој. Затоа, следното усогласување ќе обезбеди минималната плата да биде повисока за околу 2.000 денари,“ изјави министерот.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, потсетуваат дека нивното барање останува минималната плата да достигне 500 евра месечно, предупредувајќи дека сегашните износи сè уште не се доволни за покривање на основните животни потреби.

Дурмиши, воедно, најави и измени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои се очекува да се поттикне економскиот развој, отворањето нови работни места и раст на платите.

„Со новите измени градиме јасна и транспарентна рамка што го промовира економскиот напредок. Ќе им дадеме предност на инвестициите во преработувачката индустрија — моторот на реалната економија, кои носат технологија, иновации и поголема продуктивност,“ додаде тој.

Кредитната картичка на Дајнерс е едноставна за користење, со одлични услови и многу привилегии

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Влададурмишиминимална плата
Претходен напис Време е за промена на гуми или нови гуми: Со Дајнерс на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА!
Следен напис Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?