Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија
Агровести

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија

Објавено 12/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел.

– МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот  ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ, а тоа се пренос и дистрибуија на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања. По завршување на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи, вели Бислимоски, кој денеска присуствуваше на третата конференција на МАРЕС, посветена на структурирање на иднината на обновливата енергија. 

Од МЕПСО не очекуваат испади во текот на зимскиот период. Велат дека инвестираат во континуитет и дека граѓаните треба да бидат спокојни. 

– Во контиунитет инвестираме, имаме и голем број на активни проекти кои во моментот се реализираат. Еден од нив е 110 киловолтниот далекувод Прилеп – Битола, во тек е продолжувањето на договорот за реализација на интерконекцијата меѓу Македонија и Албанија. Во исто време го очекуваме и реакторот за реактивна енергија којшто треба да се инсталира во 400-киловолтната трафостаница Дуброво со којшто би се довеле во нормални граници на приликите во нашата држава. Покрај овие проекти, имаме аплицирано и за голем број грантови преку механизамот за инвестирање во Западен Балкан така што можеме да кажеме дека не само во сегашноста, туку и во преспектива ја планираме надградбата и инвестирањето во пресносната мрежа со цел да овозможивме непрекинато снабдување на граѓаните со електрична енегија, изјави Александар Пауноски од МЕПСО. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:електричната енергијапоместувањаркецената
Претходен напис ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година
Следен напис Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?