Во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство се состана експертската група за болеста Африканска чума кај свињите, информира Верче Мицевска, Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.
Теми на дискусија беа:
Епидемиолошка состојба во земјата во однос на Африкаската чума кај свињите;
Резултати од спроведениот надзор на Африкаската чума кај свињите;
Организирање на работилници наменети за одгледувачите на свињи, ловци и доктори по ветеринарна медицина.
Африканската чума кај свињите е високо контагиозна вирусна болест која може да предизвика големи економски загуби.
Особено внимание се посветува на следењето на состојбата со дивите свињи, кои имаат значајна улога во ширењето на болеста бидејќи претставуваат резервоар од кои заразата се пренесува на домашните свињи.
