Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година
Агровести

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година

Објавено 28/10/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот сектор.

-Дополнително на тоа има речиси 200 милиони евра дополнителни обврски кон странство, односно долгови од претходно што треба да ги вратиме. Од таа причина, финансирањето е предвидено да оди со евро обврзница од 950 милиони евра. Можеби тој износ ќе се зголеми затоа што се предвидени уште 350 милиони евра дополнително странско задолжување и уште 400 милиони евра на домашниот пазар, рече министерката во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која го презентираше Предлог буџетот за 2026 година.

Порача дека зголемувањето на јавниот долг ќе биде во суштина износот на дефицитот, 39 милијарди денари и ништо повеќе од тоа.

-Се друго е за сервисирање на стари обврски коишто претходно биле создавани, рече Димитриеска Кочоска.

Прашана колкава ќе биде проекцијата на јавниот долг, рече дека точниот податок ќе го има до крајот на денов. 

-Во однос на јавниoт долг, јас сега не би сакала да кажувам податоци иако ние ги имаме, меѓутоа би сочекала до крајот на денот. Знаете дека имаше корекции коишто се правеа и во ДЗС. Очекуваме да видиме дали ќе има одредени промени на 2024, 2025 нема апсолутно никакви промени. Ќе видиме како ќе се одвиваат нашите проекции имајќи предвид дека сега во моментот има 58,5 проценти јавен долг. Најверојатно и до крајот на годината нема да реализираме над 60, а годинава беше предвиден над 62 проценти. Така што, да оставиме до крајот на денот да видиме какви ќе бидат информациите, и во однос на другите институции, бидејќи јавниот долг вклучува и долгови или задолжувања на институциите коишто не се или јавни претпријатија акционерски друштва, кои не се дел од Буџетот. Така што, до крајот на денот ќе го имаме точниот податок и ќе можам да излезам со точен податок колку би бил јавниот долг, рече Димитриеска Кочоска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дзсеврообрзницаинституции
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година
Следен напис Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?