Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија и Северна Македонија ја зајакнуваат соработката во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија и Северна Македонија ја зајакнуваат соработката во земјоделството
Агровести

Србија и Северна Македонија ја зајакнуваат соработката во земјоделството

Објавено 04/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ денеска, за време на неговата официјална посета на Северна Македонија, се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на таа земја Цветан Трипуновски, со кого разговараше за досегашната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството, како и за можностите за нејзино подобрување во наредниот период.

Како што е наведено во соопштението на надлежното министерство, посебен акцент за време на билатералната средба беше ставен на подобрување на размената на знаења и технологии во областа на земјоделското производство, како и на зајакнување на партнерските односи преку заеднички проекти и регионални иницијативи.

Двајцата министри постигнаа договор надлежните министерства да продолжат со интензивна комуникација со цел развој на одржливо и конкурентно земјоделство кое ќе придонесе за економскиот напредок на целиот регион.

Во соопштението се додава дека министрите разговарале и за важноста на поддршката на младите земјоделци како носители на развојот на земјоделскиот сектор, нагласувајќи дека охрабрувањето на младите луѓе да се вклучат во земјоделското производство е клучот за модернизација и оживување на руралните средини во Србија, регионот и светот.

Исто така, Гламочиќ го покани својот колега да ја посети Србија, а Северна Македонија да учествува на овогодинешниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворениот Балкан“, што ќе се одржи во ноември во Белград, што и од македонска страна беше потврдено.

Министерот Трипуновски истакна дека овој меѓународен саем е одлична можност за промоција на квалитетни македонски вина и дополнително зајакнување на соработката на винската индустрија на земјите од регионот.

Гламочиќ е во посета на Северна Македонија како член на делегацијата на Владата на Република Србија, предводена од премиерот Ѓуро Мацут, а заедно со него во делегацијата е и министерката за внатрешна и надворешна трговија Јагода Лазаревиќ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвпромоцијасеверна македонија
Претходен напис На манифестацијата „Компиријада“ во општина Ново Село се отсликуваат посветеноста и трудот на македонскиот земјоделец
Следен напис Грчката афера е само врв на ледениот брег, корупцијата е во цела ЕУ, предупреди европската обвинителка Ковеси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?