Есента е најубавото годишно време во кое мора максимално да уживате, а во тоа само ќе ви помогнат градинарските цвеќиња.
Ако цветовите што сте ги засадиле во жардинери во пролетта венеат, време е да ги замените со есенски цветови кои се отпорни и силни, миризливи и убави дури и во постудените денови.
Наш предлог е:
Ден и ноќ

Некои ги нарекуваат љубичици, други темјанушки, но најпознати се како ден и ноќ. Овие цвеќиња се отпорни и одлично ги поднесуваат временските промени. Засадени во жардинери ќе ви го разубават денот, дури и ако паѓа дожд или вее снег.
Хризантеми

Некои ќе речат дека тоа се цвеќиња за гробишта, но хризантемите во историјата имаат само една симболика – моќ. Доколку сакате вашата градина или тераса да изгледа преубаво и шарено, засадете неколку видови и бои на хризантеми. Оваа „есенска роза“ ќе трае долго и нема да има ништо поубаво од неа во градината.
Вресок

Вресокот е многу лесен за одгледување. Припаѓа на големото семејство Хедер, кое има повеќе од 500 видови. Тоа е зимзелена грмушка со цветови во форма на звоно со различни нијанси. Не бара посебна грижа и обилно цвета од септември до првите мразови. Може да се засади од рана пролет до доцна есен. Сакаат сончеви места и лесни, добро дренирани почви.
