Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката куртовска капија во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката куртовска капија во Струмичко
Агровести

Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката куртовска капија во Струмичко

Објавено 21/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката „куртовска капија“ кои заеднички ги утврдија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и откупувачите на 30 минатиот месец во Струмица.

Пиперката „куртовска капија“ или „ајварка“ се откупува за 45 денари за килограм прва класа, прва и втора 35, втора 20 и за трета 15 денари за килограм, додека екстра класата се откупува за 50-55 денари за килограм.

Според откупувачите, договорените цени максимално се почитуваат и тоа на нивно и задоволство на производителите, а најмногу интерес за македонската куртовска капија има од Србија, Хрватска и Бугарија.

-Откупувачите се придржуваат на договорените откупни цени и тоа е добро и што е најважно понудениот квалитет на пиперката куртовска капија е многу добар и соодветно се селектира според класата. Се надеваме дека таквиот тренд ќе продолжи до крајот на сезоната, велат производители на оваа пиперка.

Откупувачите апелираат до земјоделците да не брзат со бербите и во периодот од 1 до 20 септември да пристапат на берење на договореното производство.

Во споредба со лани откупните цени се зголеми од 13 до 15 отсто, односно цената е зголемена за околу 5 денари за килограм и плус од досегашните 3 производителите ќе добиваат по 4 денари за предаден килограм пиперка на откупните пунктови.

Инаку, годинава се очекува производство на околу 60 до 65 милиони килограми „куртовска капија“.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договоренитекапијаоткупни цениСтрумичко
Претходен напис Трипуновски: Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени за поддршка на развојот на македонското лозарство
Следен напис Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец, во вредност од 70 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?