Пламеницата на кромидот во наши услови редовно се јавува и нанесува големи штети. При масовна појава голем дел од лисната маса се уништува, поради што приносите доста се намалуват а квалитетот на луковиците е лош.
Препознавање.
Првите знаци на болеста се јавуваат во пролет, кон крајот на април и почетокпт на мај. Лисјата стануваат бледожолти а растенијата заостануват во порастот. За време на големата влажнпст и топло време, на лисјата се појавува сивкаста мувла, а на лушпите од главицата се појавуват сивкасти дамки.
Заштита.
Најважно е садниот материјал да биде здрав, а на површините каде што предходно се има јавено оваа болест не треба да се одгледува кромид најмалку три гпдини. Кромидот за производство на главици треба да се прска на секој 4 до 5 дена, се додека има интензивен пораст на лисната маса а потоа прскањето се проредува. Кога лисната маса целосно ќе се формира се прекратува со заштита.
За сузбивање на пламеницата на кромидот можат да се употребат следните препарати: Антракол, Манкозеп, Дитан, Браво, Ридомил Голд и други.

Дип.инг. агр. Звезда Ричлиева АПРЗ Струмица
